ОГЛАСИ

Селекторот Ангеловски без експерименти во составот за дуелите со Финска и Азербејџан

Спорт | Македонија | 07.03.2018 14:43Посети : 349

Ниту едно ново име нема на списокот на селекторот Игор Ангеловски за пријателските натпревари што фудбалската репрезентација ќе ги одигра кон крајот на месецов против Финска и Азербејџан.



Ангеловски повика 19 играчи за дуелите во Анталија, а од оние кои вообичаено добиваа повик на последните неколку акции на националниот тим го нема само голманот Давид Митов Нилсон. Тој поради повреда не е во репрезентацијата.

- Ова се фудбалери во 2017 година беа повикувани и со оглед на нивните игри и резултатите кои ги остваривме, како и нивниот карактер се повикани и за овие два натпревари. Но она што беше во 2017 заврши, а сега пред нас е една исклучително значајна година, пред нас е едно значајно натпреварување, Лига на нации кое ќе започне во септември. За таа цел јас и претходно реков дека немам намера да правам некои поголеми експерименти во репрезентацијата. - изјави на прес конференцијата селекторот на Македонија.

Селекторот образложи и зошто во националниот тим ги нема Демири кој две кола по ред е во тимот на колото во украиснкиот шампионат и голгетерот на Шкендија Ибраими.

- Задоволен сум од фудбалерите кои играат на таа позиција не дека не го следам Демири, следам и други фудбалери. Нека продолжи со таква форма, можеби ќе добие шанса на некој од следните натпревари. Важе мислење е дека Бесарт Ибраими е најдобар фудбалер во нашата лига, моето мислење го гледате на списокот. Вие како новинари имате право да мислите дека одредени фудбалери треба да се најдат списокот, но сепај јас сум тој што одлучува кој ќе биде повикан. - рече Ангеловски.



Дуелите со Финска и Азербејџан македонските фудбалери ќе ги одиграат во Анталија, Турција. Првиот собир селекторот го закажа за 18.март во Анталија. Натпреварот со Финска е на 23.март, а четири дена подоцна е дуелот со Азербејџан.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833