ОГЛАСИ

Дерби во Охрид за крај на Супер лигата !

Спорт | Охрид | 16.03.2018 12:51Посети : 2086

В сабота со почеток во 19 часот дербито помеѓу Охрид и Пелистер во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе означи крај на регуларниот дел од ракометната Супер лига. Ривалството помеѓу овие две екипи е големо и се очекува борба до последеден здив за бодовите во Охрид.



- Утре на домашен терен против Пелистер ќе го одиграме последниот меч во Супер лигата. Ќе играме да победиме, иако овој меч нема резултатско значење. Добро ќе биде за охридската публика да победиме и за нас, за што поголема самодоверба пред натпреварите од плејофот. - изјави капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

- Пелистер има квалитет, поседува голем ростер на играчи, но и ние имаме свои квалитети, кои ако ги покажиме сигурно ќе го добиеме натпреварот. - додаде пивотменот Иван Тасески, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот клуб.

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски кој исто така беше дел од пресконференцијата пред мечот со Пелистер им пружи поддршка на „гладијаторите“ и ја покани охридската публика да присуствува на дерби натпреварот.


Ракометниот клуб Охрид заедно со битолските екипи Пелистер и Еурофарм Работник и Пролет и Металург ќе го предизвикуваат Вардар кој ќе ја брани титулата во Супер лигата.


Мх.П.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833