ОГЛАСИ

Над 80 пријави од невремето, утре на терен ќе се проценува колкава е штетата

Вести | Охрид | 20.03.2018 16:09Посети : 2642

Над 80 пријави за настанати штети од невремето, пристигнале до Општинската комисија за проценка на штети. Најголемиот дел од нив се однесуваат на оштетени летни тераси од кафулињата во стариот дел од градот, оштетени кровови, паднати дрва, оштетени автомобили од паднати дрва, како и пријави за поплавени дворови во Пештани.



- Вчера и денес се евидентираа пријавите, а од утре општинската комисија излегува на терен за да се утврди висината на настанатата штета. Откако ќе се изврши проценката, ќе биде изготвен елаборат кој ќе се достави до советот на општина Охрид. По неговото разгледување и одлука на советот ќе биде испратен до владата која треба да одлучи колкав износ на средства ќе бидат издвоени за надомест на настанатите штети. - вели Томе Наневски од Кризниот штаб на општина Охрид.



Од општинската комисија за проценка на штети велат дека согласно законските одредби, рокот за проценка на штетите, изготвување елаборат и доставување до републичката комисија, е шест месеци.


- Со испраќање на елаборатот до Рпубличката комисија за проценка на штети завршува нашата обврска, потоа останува на оваа комисија, односно на владата да одговори колкаво ќе биде обесштетувањето. - изјави Раде Вељаноски, претседател на Општинска комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.



Состојбата по големото невреме кое го зафати охридскиот регион изминатиот викенд се стабилизира. Од локалната самоуправа потенцираат дека нивнте екипи заедно со јавните претпријатија и подружницата на ЕЛЕМ во Струга будно ја следат ситуацијата со цел веднаш да се реагира доколку тоа е потребно.


OhridNews
 



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833