ОГЛАСИ

Роналдо ја откри причината за чудесната фризура на СП 2002 година

Спорт | Свет | 21.03.2018 11:29Посети : 537

Селекцијата на Бразил која триумфираше и Роналдо кој ги постигна двата погодоци во финалето против Германија и стигна до наградата најдобар стрелец го одбележаа Мундијалот 2002 година кој се одржа во Јапонија и Јужна Кореја. Покрај головите на Роналдо, сите ја паметат и неговата чудна и необична фризура која никој не остави рамнодушен. Сепак, фризурата не била случајна, туку начин да се сврти вниманието и намали притисокот од медиумите поради неговото здравје.



- Имав повреда и сите зборуваа за неа, а никој не обрнуваше внимание на фудбалот. Доцна во ноќта станав и решив да ја избричам главата и да оставам коса напред на врвот. Сабајлето на тренинг откако сите ја забележаа мојата лоша фризура заборавија на повредата. Тоа беше одличен потег да се сврте вниманието и да се тргне притисокот од моите плеќи. - изјави Роналдо.



 Од таа 2002 година „селесао“ нема титула на Светските првенства, а сите уште го паметат дебаклот со Германија во 1/2 финалето на Мундијалот кој се одржуваше токму во Бразил. 


- Последниве две години многу работи во позитивен правец се променија во селекцијата, затоа сум многу голем оптимист. Иако СП изобилува со квалитет помеѓу 4-5 селекции може да се гледа шампионот, а сигурно помеѓу нив е и Бразил. - додаде Роналдо.

„Кариоките“ на Мундијалот во Русија во групата се наоѓаат со Швајцарија, Србија и Коста Рика.


OhridNews


Анкета: На кое место ќе заврши РК Охрид во плејофот?
(Одговори на дното од страницата)

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833