ОГЛАСИ

ВМРО ДПМНЕ:ЕЛЕМ има одговорност за штетата во Охрид предизвикана од лошото менаџирање

Вести | Охрид | 21.03.2018 16:46Посети : 492

Граѓаните на Охрид и охридско, трпат штети поради неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ. Голем број на угостители долж охридското крајбрежје претрпеа огромни материјални штети, поради незнаењето на  раководството на претпријатието да менаџира, велат од ВМРО ДПМНЕ.



- ЕЛЕМ не може да ја избегне одговорноста за директната штета што ја предизвикаа. Доколку навремено е реагирано и водата од Охридското езеро навремено се испушташе и се полнеше Шпиље, каде имаме рекордни над 12 метри празен простор во акумулацијата, до поплави во Охрид и охридско немаше да дојде. ЕЛЕМ со ова раководство доживува вистински крах. ЕЛЕМ не ја извршува својата обврска долгорочно да планира, оптимира и управува со ресурсите  кои е должна да ги менаџира, велат од ВМРО ДПМНЕ.


Оттаму, додаваат дека наместо подобрување на енергетските капацитети на земјава раководството на ЕЛЕМ врши партизирање на синдикалното здружение.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833