ОГЛАСИ

Езерска средба на ветераните од одбраната и безбедноста

Вести | Охрид | 22.03.2018 14:11Посети : 1100

Во организација на огранокот на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, а под покровителство на градоначалникот Јован Стојаноски, во сабота 24-ти март, во Охрид ќе се одржи „Езерска средба, Охрид -2018“.  Покрај гости од земјава, на Езерската средба се очекува да присуствуваат и претставници на сродни здруженија  од  Албанија,Бугарија и Србија.



- Со нашето дружење и активности ги срушивме сите бариери кои досега постоеја, особено кога станува збор за нашите соседи. На средбата ќе се дружиме и запознаваме, ќе размениме мислења и искуства од областите кои ги покриваме, одбраната и безбедноста, какои околу и унапредување на соработката, вели претседателот на Општинската организација на ветераните од одбраната и безбедноста, Добре Вељаноски.


На денешната прес конференција поврзана со настанот, секретарот на општината, Игор Бежоски се осврна на значењето и придобивките за Општина Охрид од организирање на вакви манифестации.



- Убедени сме дека со оваа манифестацијата, се отвораат нови можности за соработка и промоција на нашиот град во регионот.На „Езерската средба“, како што е најавено,  покрај ветераните од западниот дел на Република Македонија, ќе учествуваат и гости од здруженија на ветерани од Република Албанија, Република Бугарија и Република Србија. Имајќи ги во вид бенефитите од организирањето на вакви средби, градоначалникот Јован Стојаноски, ги покани да учествуваат и  градоначалниците од градовите околу Охридското и Преспанското Езеро.Тоа ќе биде можност за разговори за резултатите од досегашната, пред се прекугранична соработка, како и за нови заеднички проекти кои би биле поддржувани од европските фондови, изјави Бежоски.



„Езерски средби- Охрид 2018“  започнува  во сабота во 9 часот наутро со спортски активности  пред бараките наспроти хотел „Гарден“. Централниот настан на одбележувањето ќе биде Свечената седница што ќе се одржи во големата сала на општина Охрид со почеток во 14 часот на која е предвидено да се обрати и градоначалниот Јован  Стојаноски кој е и покровител на манифестацијата.


На свечената седница ќе бидат доделени дипломи, благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833