ОГЛАСИ

Се решава проблемот на околу 3.000 лица неевидентирани во матичната книга на родени

Вести | Македонија | 22.03.2018 16:00Посети : 372

Проблемот со лицата неевидентирани во матичната книга на родени ќе се решава системски во неколку фази, информираа денеска од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).



„В петок Управата за водење матични книги ќе го отвори огласот за пријавување лица кои не се евидентирани во матичната книга на родени и тој ќе се однесува за сите лица кои се на територија на Република Македонија. Пријавувањето ќе трае 6 месеци. Во текот на овој период паралелно ќе се направат измени во Законите за вонпарнична постапка, Законот за матична евиденција и Законот за лични карти, живеалиште и престојувалиште“, соопштија од МТСП.

Во меѓувреме ќе се подготват и обучат матичните служби, центрите за социјална работа и граѓанските организации кои го поддржуваат овој процес со цел да им се обезбеди навремена услуга на засегнатите граѓани, за кои се проценува дека се околу 3.000 лица.

По завршување на сите фази ќе се утврди точната бројка на лица неевидентирани во матична книга на родени. Тие ќе добијат привремен регистарски број со кој ќе добијат одредени права во делот на здравствена и социјална заштита и образование, изјавија од Министерството за труд и социјална политика.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833