ОГЛАСИ

Велика Недела

Празници | Празници | 02.04.2018 07:00Посети : 556

Последната недела од Велигденските пости, што значи неделата пред Велигден, се вика и Велика и Страсна недела, а народот ја вика и Глува недела. Сите денови од оваа недела се викаат Велики, или Вели, како Велики Понеделник или Вели Понеделник, Велики Вторник итн.

Свети Јован Златоуст вели дека оваа недела не се вика Велика затоа што деновите во неа се поголеми или помногубројни, туку затоа што во неа Господ направил големи дела: разрушено е царството на Ѓаволот, уништена е смртта, победен е гревот, симнато е проклетството, отворен е Рајот и небото им станало достапно на луѓето. На тој начин луѓето се соединиле со ангелите, урнат е и отстранет преградниот ѕид и Богот на мирот ги измирил небесното и овоземното.

Велигден е продолжение на старозаветниот еврејски празник Пасха, кој Евреите се' уште го празнуваат во чест на ослободувањето на еврејскиот народ од Египет. Буквалното значење на зборот Пасха е премин и се однесува на преминувањето на еврејскиот народ од Египет во Израел. И во христијанството Пасха значи премин со Христа од смртта во животот и од земјата кон небото, во вечниот блажен живот.

Правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден се дефинирани дури во 526 година. Според овие правила, Велигден е секогаш по пролетната рамноденица во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха, Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Значи Велигден може да се падне на 35 датуми од 4 април до 8 мај, што значи два дена по Ѓурѓовден. Православната црква датумот на кој се паѓа Велигден го одредува според стариот Јулијански календар, додека Католичката црква тоа го прави според новиот Грегоријанскиот календар.


Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833