ОГЛАСИ

Буфон: Место срце, судијата има канта за отпадоци во телото

Спорт | Свет | 12.04.2018 08:49Посети : 663

Капитенот на Јувентус, Џајнлујџи Буфон најемитовно реагираше после досудениот пенал од главниот судија Мајкл Оливер во последната минута од судиското продолжение на дуелот со Реал Мадрид на Сантијаго Бернабеу. Пеналот во погодок го претвори Кристијано Роналдо, а Буфон не го бранеше, бидејќи претходно доби директен црвен картон.



- Да досудите ваков контроверзен пенал и да го уништите трудот на целата екипа која даде се` од себе морате место срце во телото да имате канта полна со ѓубре. Ако сте човек, на ваков начин смеете да делувате да отпадне еден тим, но очигледно судијата не е човек. - изјави Буфон.

Во одбрана на Буфон за кој можеби дуелот во Мадрид беше последен во ЛШ застана тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој на сличен со удирање на Марко Матераци во финалето на Мундијалот 2006 година ја заврши фудбалската кариера.

- Џиџи ова не го заслужи, но нажалост ова не можеме да го промениме. Црвениот картон и неговата реакција нема да остави никаков белег на неговата кариера, бидејќи тој е фантастична личност и спортист. Ќе ми биде криво ако оваа сезона вистина му биде последна. Се надевам дека ќе се предомисли. - рече Зидан.

Околу пеналот размислувањата се поделени на фудбалските стручњаци, а на социјалните мрежи кружат безброј видеа со објаснување дали имало или немало најстрога казна.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833