ОГЛАСИ

Реакции после мечот Охрид - Пролет

Спорт | Охрид | 15.04.2018 21:19Посети : 636

Охридските ракомети ги запишаа првите бодови на табелата во плејофот од Супер лигата ремизирајќи со Пролет 20-20 на домашен терен. „Гладијаторите“ до ремито стигнаа со голот на Пеце Георгиевски во последните секунди од натпреварот.



Крсте Андоновски (РК Охрид) - Натпреварот го започнавме како што посакувавме и се стекнавме со предност од шест погодоци (8-2). После имавме голем и страшен пад во играта, што не чинеше губење на предноста. Пролет на крајот од мечот и поведе, имаше шанса и за победа, а ние добивме награда за нашето залагање, бидејќи не се откажавме од позитивен резултат.

Никола Матлиески (РК Пролет) - Кога ќе се сумира се` мислам дека ремито е најреален исход. Има една поговорка која гласи среќата треба да ја заслужиш, сама таа не доаѓа, а очигледно ние не ја заслуживме во последните моменти од натпреварот. На стартот од мечот игравме многу слабо и ништо од тоа што се договоривме, но како што одминуваше времето ние се консолидиравме и пруживме добра партија. Бодот од Охрид ќе ни значи многу, бидејќи тешко е да се игра овде, а не да се освојуваат бодови.



Благојче Трајкоски (РК Охрид) - Имавме водство од шест голови и игра која ветува, а на крајот требаше да се радуваме на бод. Во најава на овој меч реков дека се освен победа за нас е пораз и се уште стојам на мојот даден збор.

Реми на Охрид и Пролет во „Билјанини Извори“ (видео)


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833