ОГЛАСИ

Дибиров: Не смееме да се залетаме во облаци

Спорт | Македонија | 16.04.2018 09:56Посети : 252

Победувајќи го тимот на Загреб во финалето со 26-24 ракометарите на Вардар ја одбранија титулата во регионалната СЕХА лига и покажаа глад за титули пред новите предизвици. „Црвено црните“ во ризницата на трофеи го додадоа четвртиот од СЕХА лигата и се најуспешни во седумте одиграни сезони.



- Финалето беше супер. Неизвесно и израмнето, а ние дури во финишот успеавме да го скршиме нивниот отпор. Со промената на играта во одбрана им создадовме проблеми во напад, а ние на другата страна постигнавме лесни голови кои не однесоа до победа и титула. Нам ни преостанува добро да се одмориме и комплетно да се фокусираме на двомечот со Кил во 1/4 финалето од Лигата на Шампионите. - изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

Смиреност во составот на Вардар и кај фановите побара Тимур Дибиров кој повторно одигра маестрален натпревар и се најде во идеалниот тим на Ф4 турнирот. - Не смее да се залетаме во облаци после победата над Загреб и титулата во СЕХА лигата. Нашата работа ја завршивме максимално во СЕХА лигата, а сега на ред се мечевите од ЛШ односно двомечот со Кил. Направивме некои грешки кои не смеевме да си ги дозволивме, но мислам дека до дуелот со Кил ќе се поправиме и ќе одиграме најдобро што знаеме.

Првиот меч од 1/4 финалето Вардар ќе одигра на теренот од Кил, а реваншот во Скопје.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833