ОГЛАСИ

Макрон: Јас го убедив Трамп да остане во Сирија за време на нападите

Вести | Свет | 16.04.2018 09:55Посети : 480

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека тој го убедил американскиот претседател Доналд Трамп да остане во Сирија пред Обединетите нации, Велика Британија и Франција да почнат со воздушните напади врз три региони, објави Си-Ен-Ен. “Пред десет дена, претседателот Трамп рече дека волјата на САД е да излезат од Сирија. Го убедивме дека е потребно да останат”, рече Макрон за време на двочасовното телевизиско интервју со неколку француски медиуми. Во петокот, САД, Франција и Обединетото Кралство започнаа серија бомбашки напади врз истражувачка лабораторија и два објекти за складирање поврзани со програмата на Сирија за хемиско оружје.



Сателитските слики на објектите, лоцирани западно од Хомс и во близина на главниот град Дамаск, пред и по нападите се чини дека покажуваат дека претрпеле голема штета.

Макрон истакна дека Франција исто така го убедила Трамп дека нападите мора да бидат ограничени само врз сомнителни места за хемиско оружје.
Пред нападите, имало извештаи дека Трамп сакал посилни, пошироки акции во Сирија, но бил разубеден од неговиот тим за национална безбедност. Бомбардирањето беше осуден од страна на сирискиот сојузник Русија, која во саботата се обиде да поднесе барање до Советот за безбедност на Обединетите нации да се осуди агресијата врз арапската Република, Сирија од страна на САД и нејзините сојузници.

Во телефонски разговор со иранскиот претседател Хасан Рохани за време на викендот, рускиот лидер Владимир Путин изјави дека какви било понатамошни напади на САД во Сирија би можеле да доведат до хаос во меѓународните односи, според изјавата на Кремљ.

И Путин и Рохани се согласиле дека нападите на ракетите сериозно ја оштетиле можноста за политичко решение во Сирија, се вели во соопштението.

За време на интервјуто, Макрон рече дека Путин е соучесник во наводната употреба на хемиско оружје од страна на Сирија.

“Тие самите не користеа хлор, но методично придонесоа за немоќта на меѓународната заедница да спречи употреба на хемиско оружје со дипломатски средства”, рече тој.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 193 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833