ОГЛАСИ

100.000 евра за југозападниот плански регион за развојот на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата

Вести | Охрид | 16.04.2018 11:29Посети : 950

Околу десет милиони денари,обезбедени од владите на Швајцарија и Македонија, во текот на годинава, ќе бидат инвестирани во осумте плански региони во државата со цел да се поттикне развојот на туризмот, животната средина, бизнис инфраструктурата, како и социјалната инклузија. За таа цел во Министерството за локална самоуправа, министерот Сухејл Фазлиу и раководителите на центрите за развој на осумте плански региони ги потпишаа Договорите за финансирање на активностите за поттикнување на рамномерниот регионален развој.



- Ориентацијата на донаторот и Министерството за локална самоуправа е да бидат поддржани инфраструктурни проекти што ќе можат брзо да продуцираат ефекти, како и изработка на техничка документација за големи регионални проекти, со кои ќе може да се аплицира во други фондови, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, кој, патем, го истакна учеството на граѓаните како нов пристап во планирањето на регионалните приоритети.


Во периодот што следува на ниво на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион ќе бидат организирани три сесии, односно форуми со значајните регионални чинители, при што преку инклузивен пристап ќе бидат дефинирани регионалните приоритети, како резултат на што граѓаните кои што ќе учествуват на форумските сесии ќе одлучат кој проект во планскиот регион ќе биде финансиран во следната фаза, а за кој веќе се обезбедени средства со поддршка на швајцарската и македонската влада, нагласуваат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион.



Согласно договорот, во ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион ќе бидат вложени околу 100 илјади евра со кои ќе се поттикнува свеста за заеднички пристап во решавањето на регионалните прашања, преку вклученост не само на локалните власти,туку и на граѓаните за решавање на приоритетните прашања од четирите тематски области. Со договорот предвидено е да биде поддржан уште еден проект во висина од 30 илјади евра, а кои произлегува од Стратегијата за иновации, односно од Акцискиот план на овој регионален документ.


Министерот Сухејл Фазлиу и раководителите на центрите за развој на осумте плански региони ги потпишаа и Договорите со кои во наредната година ќе бидат финансирани и активностите на Бизнисцентрите коишто функционираат во рамките на секој регионален центар, главно за обезбедување на советодавни услуги за постојните мали и средни претпријатија.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833