ОГЛАСИ

Мистеријата разоткриена: Светски познатиот угoстителски концепт „coffee house“ за прв пат кај нас во комплексот на хотелот „Ројал“

Занимливости | Охрид | 04.05.2018 22:56Посети : 8081

Ветено - сторено, ја разоткривме мистеријата за која шушкаше охридската чаршија изминатите денови. „Мистериозниот“ угостителски објект кој дискретно се подготвуваше подолг период покрај градскиот кеј во комплексот на хотелот „Royal View“, кој денеска официјално започна со работа, е „Steve's coffee house“. Всушност тоа е првиот угостителски објект кој ќе функционира по светски познатиот концепт на самопослужување, со производи и услуга со врвен квалитет, по исклучителни цени.





Модерно уреден и во трендовски стил, „Steve's coffee house“ има уникатна понуда, сосема поинаква од таа на која сме навикнале кај нас. Купувањето на омиленото кафе со исклучителен квалитет, вистинско топло чоколадо направено со надалеку познатото по квалитет белгиско чоколадо, омилениот стопроценти природен сок, или друг напиток, во „Steve's coffee house“ е централизирано, а ќе ве услужи професионално обучен персонал.





Готвачите во „Steve's coffee house“, кои исто така минаа неколкумесечна обука во странство, секојдневно ќе подготвуваат свежи салати со сезонски производи од поднебјето, вкусни сендвичи, пити и слатки според највкусните рецепти со високо квалитетно какао. Менијата ќе бидат разновидни и ќе се менуваат од сезона до сезона, а услугата стандардизирана.





„Steve's coffee house“ е место за релаксација и социјализација. Тука во мирна и опуштена атмосфера ќе може да завршите некоја работна обврска на вашиот лаптоп додека пиете пијалок или јадете некој вкусен специјалитет, да ѕирнете нешто во телефонот, или едноставно да го наполните на кое било место во објектот во секое време.





Новиот специјализиран угостителски објект „Steve's coffee house“ е дел од понудата на хотелот „Royal View“.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833