ОГЛАСИ

Македонските претставници на Евросонг со уникатнa облека од „Румор“ Охрид

Занимливости | Охрид | 08.05.2018 09:57Посети : 5825

Марија Ивановска од бендот „Ај Кју“, кој е македонски претствник на овогодинешниот Евросонг, што се одржува во Лисабон, Португалија, на сцената на себе ќе носи рачно изработена уникатна облека, креирана Александар Бимбилоски од познатиот моден бренд „Румор“ - Охрид.



Александар Бимбилоски е во Лисабон со „Ај Кју“ кои екслузивно за OhridNews испратија поздрав до фановите во Охрид.



Марија во првиот дел од песната на себе ќе носи уникатно сако, а во вториот дел рачно изработено боди од охридскиот моден бренд „Румор“, за кое материјали произведуваат само три модни фабрики во Европа. И чевлите кои ќе на сцена ќе ги носи Марија од „Ај Кју“ се уникатни, рачно произведени од португалски дизајнер. Останатите членови на бендот се облечени во тон со детали на облеката кои одговараат на таа што ја носат фронтмените на групата Марија и Бојан.




Покрај Александар во Лисабон е и стилистката Милена Танаскоска, кои се грижат за модните детали и јавните настапи на „Ај Кју“.



Атмосферата во Лисабон е евровизиска, вели за OhridNews модниот креатор Александар Бимбилоски. Евросонгот е тема на разговор број еден во португалската метропола, а малата македонска делегација ужива симпатии. 



Нашите претставници „Ај Кју“ ќе се натпреваруваат во првото полуфинале на 63-то издание на „Евросонг“, што ќе се одржи вечерва. Тие ќе настапат 11 и ќе се обидат да обезбедат пласман во финалето каде Македонија не била од 2012 година. 


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833