ОГЛАСИ

Колумна: „Faleminderit, Komandant Hoxha“

Отворена | Колумни | 14.05.2018 08:39Посети : 1461

Да и јас се приклучвам кон величењето на Џезаир Шаќири алијас командантавет Хоча. Не ми се мршти многу во право се сите шо на социлајните.....чек да прочитам....с о ц и ј а л н и т е... вака требит не социлајни... мрежи го фалет. Абре имат чоекот став, држење, култура, свест и совест шо се повлече од советничкото место кај Заев. Браво, брво, faleminderit z. Hoxha, шо си толку суосечајен со реакциите на македонскиот народ и реакцииите после твое устоличување за советник. Јас си го памтам овај командатавет од почетокот на 21 век исто и тогаш беше вака суосечајен, исто и тогаш беше со цела свест и совест вака расположен и настроен према народов во НСРМ.


А имаше и свој специфичен став. Знам дека застанвеше чоекот малку настрана ко нишанеше и им просвирвеше куршуми покрај ушите на македонските бранители само и само да не ги погодвит директно вчело. На ова сум личен сведок. Жими Нимиц, ак те лажам. Ама не лажам.


Кај шо го спомнав Нимица, да ми е здрав и жив, рече пустиот да би пуст не останал дека средбата бела конструктивна и дека разговорите со Коѕета и Димитрова наш биле сериозни, напорни и тензични. Му вервам. Жими него му вервам. Посебно дека имет бидено тензични. А како да бидат ко тој го имат притегнато Никица за врат и гарант овај имат речено: Е ај добро еве ќе ве признајме под уставно име.


На то Димитров се имат изнервирано, з`ш така лесно да прифатат грциве. И јас да бев на негово место исто ќе реагирав. Жими Нимиц. Чек сега....таман го убедивме народов да сме северно македонци пак да се враќаме на македонци? Таман се согласивме да сме Ерга Гомнес сега.....Имат да сме упорни. Немојт јужниов сосед да не дупит како сакат тој. Да се разбериме едно. Ние не сме Кипар па кир Коѕијас да не дупит како сакат тој. Па не е саде тој шо сакат да не дупит. Не така? Не е ќор колкав е редот зад него. Цела ЕУ е наредено позади него та и Америка чекат да му се прднам да му се напрдам.


Па знајт Нимиц шо прајт. Тој ја сакат НСРМ свесен и совесен е шо за него напрај ова држава. Да не бевме ние ќе мораше така ко кукајца да сејт дома и да собират полжај и од мрсулите да редит на колена. Немој така да си играте со совесен чоек.


Зато да не ми го чепкате ни Мицета од ДПМНЕ. И тој е совесен. Пред све свесен дека ете Зајко ја користел нашата држава за фамилијарно богатење. Дека го исцицал нашиов народ. Дека државава е носит во бездна. Така велит Мицето за Вицето. Па застани бре Зајко, застани бре човече немојш тек така расуло да прајш од ова напатено парче земја. Немојш тек така да го користиш рецептот за грабалак кој е измислен од другарите на Мицко, па на исти начин ко ВМРО-ДПМНЕЖЗЅИЈК да владејш со државата, со методи како нив. Па застани чоече. Си слушнал ти за авторски права? Прво плати си бре ако имаш пари па откупи го патентот николистички, дпмневски, ако сакаш како нив да раскрчмвиш нешто кое ти е врака. Ако ти остаја нешто.


Немој бре така. Зато го сметам Мицета за свесен и совесен. Толку години тој и негојте другари го сјебвеа народецов, со нивн методи, нивни и само нивни патентирани системи и сега оп ти се појави .....Па морат чоекот да си го бранит својот минал труд. Абе Зајко да ти кажам право биди среќен шо Мицко само лајт како пес на ливада, зш мојт да ти опнит тужба во ЗАМП, МАМП и да се чешаш. Како ам. Ааааааа немат играње со Мицета. Имат чоекот да си ја бранит држават.....партијата де.


ЏИМИ


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833