ОГЛАСИ

Нов спот на Здраво Чолиќ - „Teбе чувам за крај”

Занимливости | Свет | 14.05.2018 13:40Посети : 682

Новиот спот за песната „Teбе чувам за крај” на Здравко Чолиќ, која веќе е радиски хит во регионот, можете да го погледнете на YouTube каналот на Здравко Чолиќ.



 


Спотот е сниман во Лисабон, еден од најубавите поморски градови во Европа. Уживајќи во прекрасниот амбиент кој совршено ја отсликува музичката тема на песната, чиј текст и музика се на Мирослав Рус, а режисер на спотот Александар Керкеш Кеки.

Имав идеја спотот да се сними во Лисабон, поради музиката, па затоа режисерот и јас размислувавме за тоа. Жанрот на песната е таков... еден вид на салса, асоцира малку на фадо и латино музика, „португал“, полу бразилијано...и затоа конечниот избор падна на Лисабон – открива Чолиќ.


Чолиќ доби улога на фотограф, кој лутајќи по романтичните улици на португалската престолнина и прекрасниот брег на Атлантскиот океан прави колаж од најразлични фотографии кој на крајот на спотот води до финална слика и ја открива жената која ја чува за крај.

Прекрасно е чувството што Чолиќ ја пее мојата песна. Како мал многу го сакав собирањето на сликички, па тоа го пренесов во музика. Годините го направија своето, ми недостасуваше само Здравко Чолиќ. Ете така настана песната „Teбе чувам за крај” – открива авторот Мирослав Рус, за која аранжманот го потпишува Никша Братош.


Ова е четврта екранизација на песна од новиот албум “Оно мало срече”, првото заедничко регионално издание на двете најголеми издавачки куќи PGP RTS i CROATIA RECORDS.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833