ОГЛАСИ

Целовечерен концерт на триото на Душан Јевтовиќ во Џез Ин

Занимливости | Охрид | 15.05.2018 08:45Посети : 699

Оваа сабота (19 мај), во најдобриот џез клуб во регионот - Џез Ин, целовечерен концерт ќе одржи триото на Душан Јевтовиќ.


Покрај Душан Јевтовиќ на гитара, триото го сочинуваат и добро познатиот музичар со македонски корени, Васил Хаџиманов на клавијатури, како и Богдан Ѓурѓевиќ на тапани. 


Концертот почнува во 22:00 часот, а карти по цена од 400 денари може да набавите во самиот лоокал иил во музичката продавница Зи Зи Топ.



Роден во Србија во доцните седумдесетти години, Душан Јевтовиќ го започнува своето музичко образование со слушање на широк спектар на музика, од американскиот џез и британскиот хард рок до српската традиционална народна музика.


Со својот прв бенд "Трим", брзо го привлекува вниманието на аудиториумот, кои веднаш го препознаваат невообичаениот талент и богатата енергија која е евидентна во секој негов настап.



Во 2003 година, Душан, по многу успех свирејќи на безброј локални и национални музички настани, ја напушта Србија и се преселува во Барселона, каде што ќе заврши студии за модерна музика на познатиот конзерваториум Лисеу. Паралелно со студиите, Душан брзо станува многу баран “сајдмен” на шпанската музичка сцена, настапa на бројни фестивали и обиколки со тапанарот Чави Реја (Xavi Reija) за џез фузија, како и популарниот пејач и текстописец Рафа Понс (Rafa Pons). Светска турнеја прави со Рим Бана (Rim Banna), една од најпознатите арапски пејачки. Како студиски сесии, Душан снима албуми објавени од Satchmo Records, Batiendo Records, Vicious Records, L'indi и други европски етикети


Зад себе има снмено неколку албуми, а во Џез Ин доаѓа со концертна промоција на последниот студиски албум “No Answer”, на кој свират Асаф Сиркис и нашиот добар пријател Васил Хаџиманов.


Рецептот за музиката која ја свири, Душан ја објаснува како: амалгам на импровизацискиот пристап поврзан со џезот, заедно со сензибилитетот на големиот Џими Хендрикс, со навестување на српскиот етно фолклор - создава еклектична мешавина која вреди да се слуша!


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833