ОГЛАСИ

Св. Атанасиј Велики - Танасовден (летен)

Празници | Празници | 15.05.2018 08:48Посети : 1242

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15-ти мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен.

Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени Ариевците. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Св. Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години. По поразот на Никејскиот собир ариевците се обиделе да се вратат во црквите и често го клеветеле Св. Атанасиј кај царот поради што тој четири пати бил протеруван во прогонство и во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 15 мај 373 година.


По повод празникот, во недела, во метохот на манастирот Св.Наум - „Св.Атанасиј Велики“ - Љубаништа, утрово се служи света архиерејска литургија, со која чиноначалствува митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.


Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Празници

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833