ОГЛАСИ

Општина Струга забрани носење и консумирање храна и пијалаци за време на рамазанските пости во канцелариите

Вести | Македонија | 16.05.2018 16:17Посети : 2597

На првиот ден од рамазанските пости, вработените во администрацијата во општина Струга биле известени со писмено соопштение потпишано од градоначалникот Рамиз Мерко, дека за време на рамазанските пости се забранува носење на храна, пијалаци и пушење цигари во канцелариите.



Во телефонски разговор за OhridNews, градоначалниот Мерко вели дека не се работи за наредба, туку за известување кое важи за сите.


- Некој се поигрува сега со тоа, мисли дека сум вовел драстична забрана. Не е убаво пред колегите кои постат да се јаде и да се пие. Не е тоа за тие кои не се муслимани, туку и за сите и за тие кои се албанци, турци, египќани кои не постат, да не се внесува храна од ресторани и продавници и да не готват во канцелариите сега барем кога е пост. Општината не е ресторан за готвење и јадење. Што се однесува до пушењето тоа е забрането со закон секако и не смее да се пуши во канцелариите. - изјави Мерко за OhridNews


Забраната за носење и консумирање храна и пијалаци за време на рамазанските пости во канцелариите на општина Струга, денеска е тема на бројни коментари на социјалните мрежи.


Г.М.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833