ОГЛАСИ

Најмладите охриѓани во посета на Езерската полиција

Вести | Охрид | 16.05.2018 16:11Посети : 1354

Педесетина деца од детската градинка „Билјана,“ денеска ја посетија полициската станица за граничен надзор-Охридско езеро.



Со активностите на езерската полиција во заштита на државната граница, за безбеден езерски сообраќај и во заштита на рибниот фонд на Охридското Езеро, како и за другите мерки и корисни информации поврзани со секојдневната работа, денеска најмладите ги запозна командирот на полициската станица за граничен надзор-самостојниот инспектор Миле Колески. Командирот заедно со тимот на езерската полиција и оделението за превенција предводено од началникот Миле Јаковчески, на најмладите им покажаа и дел од опремата и материјално-техничките средства што ги користи езерската полиција.



Најмладите, на денешниот едукативен час со виден интерес ги разгледаа полициските чамци и глисери, полициските скутери како и возилата и моторциклите што, останатите полициски службеници постојано ги користат во секојдневното извршување на другите работни задачи.



Денешната посета на децата од градинката е планирана активност во рамките на проектот „Мојот пријател полицаец“.


OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833