ОГЛАСИ

Богов ја повлече кандидатурата за гувернер на Народна банка

Вести | Македонија | 16.05.2018 16:16Посети : 510

Четири дена пред истекот на мандатот, гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, се повлекува од кандидатурата за втор мандат. За ова, Богов веќе го известил претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој го предложи за нов гувернерски мандат.



Богов му заблагодари на Иванов за довербата, меѓутоа, како што посочи, имајќи ги предвид реакциите на дел од чинителите на политичкиот живот во Македонија, моменталната политичка констелација и роковите за избор на гувернер, во интерес на државата се повлекува од кандидатурата за гувернер на Народната банка.

Богов изрази надеж дека ќе се изнајде решение и во најскоро време ќе биде предложен нов кандидат за гувернер на Народната банка, кој ќе добие консензуална политичка поддршка.


OhridNews


Макфакс

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1249 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833