ОГЛАСИ

Хамилтон: Прв пат оваа година го почуствував шампионскиот ветар во грбот

Спорт | Ф1 билтен | 16.05.2018 21:26Посети : 170

Со „еден два“ триумф на Мерцедес заврши трката во Барселона за големата награда на Шпанија. Прв на целта мина актуелниот шампион Луис Хамилтон, додека второпласиран беше Валтери Ботас. Тројката на подиумот ја комплетираше Макс Верстапен од тимот на Ред Бул.



Луис Хамилтон (Мерцедес) - На оваа трка прв пат оваа година почуствував во болидот дека и јас и целиот тим имаме шампионски ритам. Прекрасно беше. Без целата екипа не се можни вакви остварувања. Дечките направија права работа посебно што на квалификации се уплашив од гумите но ете во првиот стинт бев неприкосновен. Сега ни останува да продолжиме со ваква работа и победнички ритам. Еден два победа е повеќе од успех за нас оваа година. 



Валтери Ботас (Мерцедес) - Секако дека сакав да победам но не сум незадоволен со втор па освоено второ место. Добар резултат за екипата. Имавме одлична стратегија, а болидот беше совршен. Од почетокот на тркачкиот викенд го посакувавме ова и и го остваривме. Убаво е пак да се биде на победничкиот подиум. Морам да признам дека ако не беше овој резултат ќе се замислев за перформансите на Ферари. Дали е ова кикс на Ферари или наше враќање набрзо ќе видиме.

Макс Верстапен (Ред Бул) - Болидот функционираше беспрекорно без разлика што ова не е патека за претекнување. Сепак успеавме да се задржиме одма позади водечките, па имавме среќа со откаживањето на Кими. Гумите не ни се трошеа многу па зато стигнавме до подиумот. Мислам дека можев да го стигнам Ботас ни морав да се сконцентрирам на оштетеното предно крило и одбрана на третото место од Фетел.



Себастијан Фетел (Ферари) - За несреќа ние најмногу го почуствуваме новиот асфалт кој придонесе за прегреување на гумите ради големата абразивност што не беше случај со Мерцедес. Планиравме да одиме со едно застанување ама не беше возможно. Заради тоа пробавме со новата спецификација но немавме среќа зато што таа е потенка за 0.4 милиметри и испадна пресудно. Одлуката на Пирели да донесе ваква спецификација беше на место, а наш проблем што не го сетиравме болидот да ги штеди гумите.


Следната трка во Ф1 шампионатот ќе се одржи низ улиците во Монако на 27 мај.


OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 561 гласови (31%)

Не - 1250 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833