ОГЛАСИ

Свети Константин и Елена

Култура | Охрид | 03.06.2009 00:01Посети : 3813

Свети Константин и Елена светата црква ги прогласила за светци и рамноапостолни. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година и е син на висок римски старешина. По смртта на татко му во 306 година станал цар.
Мајка му Елена многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зошто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка во душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните.

Подоцна кога станал римски цар пред една битка Константин размислувал на кој бог да му се моли. Во тоа време на небото забележал огнен крст и натпис:"Со овој ќе победиш". Тоа го виделе и неговите војници. Тогаш цар Константин наредил да се стават крстови на сите знамиња. Во оваа битка Константин жестоко го победил непријателот. Потоа донесол закон, познат по името Милански едикт во 313 година со кој го забранил прогонот на христијаните, им дозволил да градат храмови и во нив да се молат.Тогаш голем број христијани со нивни средства изградиле цркви во кои се молеле. Цар Константин ги повикал свештениците да го крстат и тој бил првиот цар што бил крстен. И Константин изградил повеќе цркви, а тоа го направила и мајка му Елена. Мајка му Елена изградила голема црква на местото каде што бил распнат Исуси каде што подоцна во 326 година го пронашле крстот на кој бил распнат.

Константин умрел во градот Никодимија на 22 мај 337 година по 32 години царување. Според личната желба неговото тело било погребано во специјално за таа прилика изграден гроб во црквата на Свети Апостоли во Цариград.

Царицата Елена умрела на 18 август 327 година . Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години моштите биле пренесени во Цариград и погребани во црквата на Светите Апостоли.


                                                                         Јасминка Т. Момироска

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Култура

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 527 гласови (31%)

Не - 1161 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833