ОГЛАСИ

Се е подготвено за дочекот на Новата година во Охрид

Вести | Охрид | 31.12.2010 14:58Посети : 2000

Се е подготвено за дочекот на Новата година на градскиот плоштад во Охрид, каде вечерва организаторите очекуваат неколку илјади посетители.

-Забавата започнува во 21 часот со настап на охриѓаните „Ноу Фан“, продолжува со „Ар-Ен-Си“ бенд и Александар Белов, а некаде пред полноќ ќе настапи ѕвездата на вечерта Антониа Шола, изјави Сашо Алчев од организациониот одбор за дочек на Новата година. Испраќањето на старата и влегувањето во Новата година ќе биде означен со голем огномет, по што ќе следи обраќање на градоначалникот Александар Петрески.



Новогодишните празници во Охрид ќе ги минат неколку илјади туристи, во главно домашни и од соседните држави. Исполнетоста на хотелските капацитети е од 60 до 90 отсто и е нешто послаба во однос на изминатите години. Тоа според хотелиерите делумно се должи и на светскиот тренд повеќе да се одбележуваат традиционалните верски празници.

- Влијанието на запад дојде и кај нас и сите градови на плоштадите организираат дочек на Новата година. Народот се сврти повеќе кон верските празници, а новогодишната ноќ го губи оној сјај кој го имаше пред многу години, но исто така тука влијание има и нискиот економски стандард на граѓаните, вели Дончо Танески од ХОТАМ.



Солидно исполнети се  угостителските објекти, кои во голем дел целосно се резервирани.

OhridNews
© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833