ОГЛАСИ

Како светот ја дочека Новата 2011. година

Вести | Свет | 01.01.2011 16:08Посети : 2724

Пристигањето на Новата 2011. година свечено е одбележано ширум светот.

Новозеланѓаните и јужните пацифички острови први ја дочекаа Новата година, а во Њујорк, само неколку дена по хаосот што го направи снежното невреме, милион луѓе се собраа на Тајмс сквер за да го гледаат традиционалното полноќно спуштање на кристалната топка, јавува агенцијата Асошиејтед прес, пренесува„Макфакс“.

Во Европа Грците, Ирците, Шпанците и Португалците се веселеа до зори, обидувајќи се така барем за кратко да заборават на егзистенцијалните грижи, кои се појавија откако овие земји беа погодени од голема економска криза.

На Нов Зеланд беше приреден величествен огномет во главниот град Оукленд, а во градот Крајстчрч, населението не се вознемирило премногу од слабиот земјотрес кој бил почувствуван два часа по полноќ.

Во Сиднеј, Австралија, 1,5 милиони луѓе се собраа да го гледаат огнометот над пристаништето, а стотици илјади гледаа слична глетка над пристаништето Викторија во Хонг Конг.



Во Ханој, главниот град на Виетнам, првпат беше воведен дочек на Новата година со одбројување во западен стил, а околу 55.000 луѓе се веселеа пред градската опера со техно музика, што ја пуштаа диџеи од цел свет. Виетнамците традиционално ја слават Тет-лунарната Нова година која почнува на 3. февруари, но силното западно влијание последните години се вовлече меѓу младите кои не се сеќаваат на војните и сиромаштијата, пишува АП.

Во храмот Зоѓоѓи во Токио, Новата година е дочекана со пуштање на сребрени балони со пораки и ѕвонење на џиновскиот гонг, тежок 15 тони. Слично се забавуваа и 80.000 луѓе низ улиците на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, а во Северна Кореја Новата година е дочекана со желби двете земји да ги подобрат односите.



Во Дубаи највисоката кула на светот беше буквално окупирана од огномет, што траеше 10 минути.

Повеќе од два милиони жители на Рио Де Женеиро направи журка на плажата Копакабана, со 20 минутен огномет и звуци на самбата.

Во Франција, повеќе од 53.000 полицајци беа на улиците  поради претпазливост од терористички напади, а младите палеа возила низ градските улици.

Во Лондон се собраа половина милион луѓе, а во Шкотска каде што се прославува четиридневниот празник Хогманај, 25.000 луѓе учествуваа традиционалното спалување на моделот на викингшки брод.

OhridNews
извор:„Макфакс“
© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1393 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833