ОГЛАСИ

На 27 јануари нова рунда разговори за името во Њујорк

Вести | Македонија | 04.01.2011 00:07Посети : 1561

На 27 јануари во Њујорк ќе се одржи нова рунда разговори за спорот со името , потврдија за „Макфакс“ од македонското министерство за надворешни работи.

 Медијаторот на ОН, Метју Нимиц по неколку месеци пауза треба да седне на преговарчка маса со преговарачите за името, Зоран Јолевски од македонска страна и Адамандиос Василакис од грчка страна. Од Министерството за надворешни работи, други детали не соопштуваат.

Државниот врв во последните свои обраќања порача дека очекуваат идната година да се реши спорот за името. И професорот Димитар Мирчев во последното интервју за Радио слободна Европа порача дека очекува оваа година да се стави крај на спорот меѓу двете земји.

Последните средби меѓу двајцата преговарачи и медијаторот Нимиц беа  во минатата година кога медијаторот беше во Скопје и Атина.

OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1154 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833