ОГЛАСИ

Стружани се сомневаат во капацитетите на институциите на системот

Вести | Охрид | 04.01.2011 08:30Посети : 1490

Група граѓани кои себе си се претставуваат како „Томас Нест“ смета дека институциите на системот селективно постапуваат кога се работи за случаи во кои, според нив, е инволвиран градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

- Ако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, чека повеќе од седум месеци и се’ уште нема добиено информации од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во врска со барањето за постапување по кривична пријава поднесена на 03.02.2010 година која ја поднесе група граѓани „Томас Нест“ против градоначалникот на Струга поради сомневање за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и уништување на природни добра, при што е направена штета од 720. 000 евра, тогаш јавно прашуваме: Дали институциите селективно постапуваат кога се работи за градоначалникот на Струга? – се вели во дописот испратен до медиумите од  здружението на граѓани „Томас Нест“ од Струга.



Здружението очекува надлежните институции да се произнесат по иницијативата за  кривично гонење на градоначалникот Мерко, или да дадат одговор зошто не постапуваат по истата.

OhridNews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1394 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833