ОГЛАСИ

Охрид во 2011 година ќе биде посакувана дестинација за грчките туристи

Вести | Охрид | 04.01.2011 07:30Посети : 2187

Охрид оваа година ќе биде една од омилените дестинации на грчките туристи сметаат тур-операторите од Грција, кои 2010-та ја оценуваат како година на нормализирање на состојбите во туризмот помеѓу двете земји, кои беа нарушени по ветото на јужниот сосед за Македонија на самитот на НАТО во Букурешт и познатите настани кои следеа потоа.

Вана Еустатију, сопственик на туристичката агенција “Eustathioy travel“, која минатата година во земјава донесе околу 4500 грчки туристи, вели дека Грците го сакаат Охрид  не само заради богатото културно и природно наследство, туку и поради топлото гостопримство, квалитети кои им пркосат на наметнатите политички недоразбирања.

- Нема никакви политички несогласувања, народот како народ сака да патува, да ги запознава овие краишта, а рекламата за Охрид кој е прекрасен град се пренесува од човек на човек. Извесно време Охрид како дестинација беше ставен на страна, токму поради политиката, но сега односите полека се нормализираат, и сметам дека грчките туристи во иднина ќе ги има уште повеќе благодарение на гостољубивоста на охриѓани.-истакна Еустатију.



Таа е оптимист дека и покрај економската криза која силно ја тресе земјата, во 2011 година пакетот Охрид и околината и натаму добро ќе се продава, бидејќи близината и поволните цени го прават нашиот најпознат туристички центар поевтин во однос на другите дестинации.

-Луѓето во време на економска криза се одлучуваат за поблиски и поевтини дестинации и затоа сметам дека и во 2011-та нема да изостанат грчките туристи во Охрид, бидејќи овој град е интересна и привлечна дестинација и пред се економски исплатлива.-вели Еустатују.


Грчките туристи се враќаат во Охрид

Според Еустатију проблемите на Балканот не ги создаваат обичните граѓани, туку екстремни групи и поединци кои ги радикализираат состојбите.

- Народите на Балканот не треба да се делат. Проблемите лесно можат да се надминат доколку наместо да се преоптоваруваме со политика, продолжиме да комуницираме и да се запознаваме, со што ќе ја стекнеме неопходната доверба, која е основа за развој на туризмот. Нормалната комуникација и движењето помеѓу народите ја попречуваат екстремистичките испади на поединци од едната, другата, третата или повеќе страни, поради што стагнираат добрососедските односи во поширокиот регион.- смета сопственичката на грчката туристичка агенција “Eustatthioy travel“, Вана Еустатију, со која разговаравме за време на Божикните празници кои таа со неколку стотини грчки туристи ги мина во Охрид.

Г. Момироски




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833