ОГЛАСИ

Охрид домаќин на IV Меѓународен саем за туризам

Вести | Охрид | 16.01.2011 11:49Посети : 1895

Од 17-ти до 19-ти  јануари во Охрид ќе се одржи четвртиот Меѓународен саем за туризам. Свеченото отворање на саемот е  во хотелот „Инекс Горица“.

На саемот ќе биде презентирана македонската туристичка понуда, но и ќе се разговата за актуелните состојби и проблеми во туризмот. Целта на ваквиот, нов концепт на туристичкиот саем во Охрид, е покрај истакнување на понудата преку разговор туристичките работници и еснафот да укажат на проблемите со кои се соочуваат и да предложат решенија за подобрување на состојбите, информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

На саемот во Охрид ќе биде формирана македонска асоцијација на алтернативнен туризам, која ќе врши презентација  на алтернативните туристички дестинациии во Македонија.

На IV Меѓународен саем за туризам во Охрид учество ќе земат дваесетина тур-оператори и агенции од земјава и странство. И годинава учесниците на саемот ќе присуствуваат на одбележувањето на верскиот празник Богојавление - Водици, кој кој се очекува да привлече околу 30 000 верници. Со цел омасовување на манифестацијата охридските хотелиери и угостители истакнаа голем попуст на цените, па така во Охрид за Водици ќе може да се ноќева за 8 евра, а во рестораните да се јаде по цени кои се 20-30 отсто поевтини од регуларните.

OhridNews


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 192 гласови (31%)

Не - 428 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833