ОГЛАСИ

Колумна: Таква е политиката

Отворена | Колумни | 30.03.2012 08:00Посети : 8932

Општествено уредување. Етика. Почит. Достоинство..... Како сме тргнале, не би било лага ако напишам дека и луѓето што ги применуваат за брзо ќе ја доживеат судбината на диносаурусите. Вознемиреноста, стравот, хаосот, испревртени тези и вредности го обележуваат денешново време-невреме. Марсел Пруст напишал : “Никогаш не си толку несреќен колку што ти се чини”. А, дали нас ни се чини, или е стварност?

Иако сум поборник на теоријата дека кавијарот, секогаш ќе биде подобар од паштетата, денес во мојата земја веќе почува да е срамно да се зборува за било каков намаз. Кога само пред неколку месеци за време на парламентарните избори во мојот говор ја искористив животната приказна на еден мој пријател, нешто поради драматичност, но сепак базирана на вистина, стана реалност, само после неколку месеци. Младиот доктор немаше каде со својата диплома, па мораше срдечно да се поздрави и да замине. Неговото малечко дете, колку за информација на Вас големите патриоти, секогаш ја пееше нашата националната химна, но поради Вас истите за некое време ќе ја научи некоја друга. Се надевам дека нема да ја заборави нашата.

Во мојата земја, како во никоја друга може да има протести од типот професори и ученици против други професори. Земјата во која живеам без никаков срам ги користи луѓето во пилот- програми. Кај нас како да е нормално, да не разговарате со комшијата поради тоа што припаѓа на друга политичка партија. Овде е нормално да ги мразиш луѓето со друга вероисповед, но не е нормално да имаш брак со личност од друга вероисповед. Овде не се прашуваат архитектите, овде градат тендерџиите. Овде е нормално да кроиш планови како да уништиш некого, но не како да создадеш општо добро.

Овде, нормално е да си ја играте играта ни ваму- ни таму. Но, времето покажа дека непотребно ја трошите енергијата на купување членови и барање од истите да ви се приклучат,односно да се претопат. Тоа може да ви успее кај второкласните. А кому му требаат истите? Оние кои играат во прва лига, а до таму стигнале со труд, знаат тоа да го почитуваат. Другиве се или дилетанти или луѓе на залезот од своите кариери, за време на кои не создале нешто општокорисно. Со ваквите, повелете послужете се.

Во мојата земја неважат правилата, ниту урбанистичките планови, посебно не оние кои се во служба на градот. Овде е нормално јавните претпријатија да се загубари , а вработените да се митингари. Овде, потпросечните договараат и необразованите мудруваат. Овде во мојата земја во мојот град, нормално е вработените во јавните претпријатија да немаат редовни примања и е сосема нормално градоначалникот да ги утеши истите со изговор дека има и полоши примери од состојбата во Охрид. Овде е нормално никој да не помисли како овие луѓе ќе си ги платат сметките. Овде е нормално да се нарачуваат текстови за пари, па да постојат и такви кои тоа ќе го поздрават, проголтаат и ќе кажат дека се е тоа е политика. АЈДЕ БРЕ, КАДЕ ПИШУВА И ВО КОЈА ПОЛИТИЧКА ЛИТЕРАТУРА ГО СРЕТНАВТЕ ИСТОТО? Можеби, сеуште учите од белешките на вашите лидери и потплатувачи. Жално.

Овде, мораш да си или предавник или патриот. Овде, се е спинување, говор на омраза, предавници, патриоти, олигарси, лустратори и лустрирани.........Нема ништо креативно. Овде сите се промислени и не брзаат, затоа што не било политички да се има брза мисла. Можеби, но некои за жал и немаат мисла, па како да биде брза нивната. Затоа сите мудреци кои се во политиката кога ќе прозборат, следна нивна професија може да биде плетењето.

Имам чувство дека секојдневно ни се наметнува шаблонот кој гласи -страдањето може да не спаси од страдање. Ние продолжуваме да страдаме, исплашени за своето утре, но повторно и повторно давајќи легитимитет на докажаните-недокажаните. И, можеби никој не ни е виновен. Веројатно, преголемо количевство на страв, непотребно.Се плашиме од шефот, се плашиме од временската прогноза, се плашиме од локалните шерифи, се плашиме од самите себе си. Зарем некој ни е виновен што како нација со векови ги славиме поразите, зарем некој ни е виновен што трпеливо молчиме и спорадично ќе пуштиме некој лелек низ историјата, најчесто тажен и крвав?Не, самите сме виновни. Најголемиот наш непријател е времето.Тоа може да биде лек само тогаш кога ќе се обидеме да живееме паралелно со истото.


Дејан Блажески
Либерално Демократска Партија




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833