ОГЛАСИ

Колумна: СИТЕЛилилили

Отворена | Колумни | 02.04.2012 00:03Посети : 2116

Морееее не вервев дека вековна традиција ќе се менит. Т`нк ми е на душава. Ама ај за арно нека е и со помин. Таман се спремав како секоја година да речам априлилилилили.....ко ете...ми излета сителлилилилили....латаслилилили....Мада види. Неморав јас да го чекам бутурниот први април за да речам сителилили....за чичкати Латас да кажит, да прошиштит со новине заби дека и од чмарот ни излегват ружи неморат да е први април. Лупат ко Максим по дивизија ката месечина. 
 
Ете чоекот пред некој ден излезе возбуден, озарен во фацата ко пред оргазам за да ни кажит дека според BBC анкета ние сме биле на 34- тото место според куповната моќ. Не дека е нарачана анкетава од Павел Шатев ами ко да ми е згрешена една буква. Дан требит да стојт “куповната моЧ“???А? Пробав да ја анализирам ова анкета ама не ојт. За да го кажиш то така попален требит да вервиш дека навистина според тие анализи ние сме земале просечна плата 350 еври????

Додуша да. Не 350 еври ами 950 и повисоко ќе дојдат ако занемариш дека имат 30% не вработени, дека 90 % земет 100 евра и то по пола на шест месеци, дека голем дел платата ја земет на компензација. И ај шо ја земет на компеназација ами ја земет во еден пар патики нормално ако работет во таква продавница. Ам шо прајме со оние шо работет во погребална...пример...шо компензација ќе напрает. Натписот пешчеш????

Абе ова луѓево ко ќе влезет во филм незнает шо траскет и шо прает. Еве пред некој ден во Охрид се спремаа арслани од “Нискоградба“ и “Проаква“ да штрајкувет. Арно ама шерифите од овие две фирми одма им ги скратија маките на потенцијалнтите штрајкувачи нормално од причина шо мислет на народоцев напатен. Им ги исполнија условите. Спремија списоци за технолочки вишок од причина шо имало превработеност и фирмите неможеле да го издржат тој притисок.

Онака за потсетвење оние шо ќе се на тој список се истите кои уште не разбудени Ацо и компанија ги вработвеја заради успешно залапени плакати на избори. И сега нити нему нити на другите ваквите им се потребни зш тие ко требаше си ја завршија работата. И незнам после како на партиската пешадија од последниот ешалон не им е јасно дека секогаш се куртони. Една употреба и ајт те фрлет. А до друга страна пак се прашвам како на првиот ешалон и командатите не им е јасно дека избори се ближат и дека пак ќе требат да ги лажат истите куртони за да добијат то шо им требит. А пак од друга страна истите тие куртони, видиш ќе паднат на муабет дека на следните избори ќе се афродизијак , а  не пак куртон, кој по 100 пати употребен пак ќе го фрлат. Куртони јасно ви е то ??? Мислам јок? Знам само овде кај нас имат куртони за повеќекратна употреба.

Е истите тие куртони се дрзнале, види безобразлук да донесат одлука да штрајковет само и само заради то шо не примиела плата за јануари и февруари. Замисли. А сега сме само април. Безобразници. Да немавте примено плата и за декември, арно, штрајкувате. Ам вака не ве личит неблагодарни едни. Ама ај да се потсетиме. Не така одавна во овие фирми не те вработевеја само ако си умрен. Иначе тепаја ако не сакаш да си врабитен кај нив.

И во занесот на политичкиот транс и лапалакот кој никогаш не е доста луѓето се губат и акет секакви изјави. Еве пред некој ден прочитав една изјава од еден од корисниците на таквите куртони: “Со протест не се решаваат работите, во ЕМО и други претпријатија со години немаат земено плата, а во оваа економска криза кога граѓаните се помалку ги плаќаат сметките не е големо доцнење ако не се исплатиле платите за последните два месеца,“- рече куртонокорисникот.

Значи според ова шо помалку сметки плаќаш толку појќе плата не земај. А ако ич не плаќаш цела плата за тебе. Ако не платиш струја, две.  За да дајш ваква изјава и со ваква небулоза да ги тешиш требит во памет да го зезниш и Ајнштајн и Дарвин.
И да сме начисто. Јас сум категорично против отпуштање на вработените поготово во “Нискоградба“. Имам ептем јаки аргументу. Да потсетам дека основната дејност на нискоградба е средвење и чистење пред се на говната. А такви луѓе секогаш ќе имет многу или премногу работа во држава како нашава, зашо кутрата таа е преполна со секакви говна.


ЏИМИ
jimmy@t-home.mk


* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.





© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833