ОГЛАСИ

Колумна: „Кој му ги скастри мадињата на Банета“

Отворена | Колумни | 09.04.2012 00:04Посети : 2096


Уф...спружи гашчи врати ги. Таман ги наместив по големина и боја и штипки им одбрав во согласност со нивната боја......ваѓај. А бев да земам и жолти штипки за оние шо неможев да ги доперам. А имат и такви. Цела вечер се мачев. Абре де бре вариги, преварвиги, море мешај ги со лајцана за ајвар, море варикина море шо не. Никако. Жолто си е жолто.




 И таман ги собрав реков по лустерине ќе ги клам ко .....можело. Ајде пак назад пак истото. Бар ги искористив жолитине штипки, да не ми е т`нк на душава шо ги купив. Ме збудале хаосов со спружвењево на гашчиве. Прво не смејт па смејт. Абре новинарска патка. Тие, новинарите, го прает цел хаос во државава. Те лошо ги интерпретирет политичариве, те им пикет зборој вуста.... А пак овие, лошо интерпретираните....мозок..памет...интелегенција...ајштајни.




Например пред некој ден на место беше и речена и пренесена од новинарите изјавата на Колета од здравство....“лекарите треба да се онолкуу задоволни колку што е народот задоволен во Македонија“....Хм. Овде неможам да препознам дал се работит за трасната зелена или недоветност. Оки. Во ред е да се клајт во ред све она шо се случвит во медицината. Имат и во докторите и дибеци во знаењето и расол во карактерот. Ама дај бре Коленце дете мило немој да им претиш дека ќе ги клаваш на интернет и дека ќе ги напучиш на столбот на срамот како шо викате вие. Прво не се сите такви, второ, ајде да ја завртиме наопаку малку. Ни викате дека нон стоп чекаме шо ќе ни дајт државата, а дека забораваме шо ние да ќе и дајме на државата. Е следствено на то шо им е даено на докторите од државата???? Дваесет и пет иљади денари плата исто како онај шо ми кажвит кај да паркирам???




Да се разбериме...сум за реформа не само на здравството ами за целата ни наша насушна држава. Ама не вака. Прво нека им се дајт услови на др-ите па после барај од нив. Али пустиот доктор да мислит дал да ми клајт газа да не крварам али да мислит дал од нејзе требеше да мим клајт па ак ја згрешит газата да висит на плошта? Ко ќе имат од све доволно, пред све лекој и ќе немат потреба од штедење, и ко ќе не ги прајме д-рите да морат да се магионичари е тогаш ќе немат потреба да имат и санкции. Не така? Некако ми се чинит дека во овај дела не ми ти ојт реформава. А да се задржеше на она шо почна, чисти нужници, ходници, пајажина на ѕидој?А? Ко да ти ојт хигиената појќе или пак толкава ти е стручноста?А?




А дека требит да се мислит шо све се какат во изјавите ете си виде мадам Бети Кузмановска која се прослави со легендарната изјава ко побара во собрание 50-тиот роденден на Банета да се прославит со виски и кокаин. И ете ни влакно не и фалеше арно ама мажот је сега е еден од детонаторите. Ама да не заборајме дека против него имаше пријава и пред  една година за нелегално продавање на алкохол. Зато можда та рече така за Банета. Да му шитнит некое литро. Как да е нејзе мува не ја лазит. Се прашвам дали и та е викната бар на информативен разговор , можда жената нему дават на Горана ама ваљда прает муабет сабајле ко ќе се сретнет в клозет. Незнам. 




Знам дека нешто овде смрдит и дека некој меѓу нас не е наш. Башка то, ја поздравувам акцијата “Детонатор“ арно ама нешто ми е чудно со фитилот – Ѕвонко Каширски. Не одавна беше прогласен за прв полицаец во државава и сега???? Или тогаш нешто смрдело или пак некого не задоволил сега па ојде фира чоекот. Или пак шест години му праеше на премиерот и минстерката ко велешени на Тито за топилницата? За то нека се думет тие шо сега го апсат. 




Чудно. Мада јас имам верба дека ќе се средит полека полека све во државава. Само ми закажа најголемиот коректор на власта. Баненце. Го немат нешто, мирен е некако. Едно време да прднеше Бичиклиски свиквеше прес и пљукаше. А еве сега го немат. Се скри кутриот. Ама зато ги пушти жените на СДСМ, кои ете излегоа на мирен марш и протестираа па дури и координатрката на СДС од Ѓорче Петров порача дека: “...дека нам не ни требаат споменици, нам ни требаат модерни амбуланти, а не амбуланти кои се во фаза на рушење како што е случајот со нашата во населбата Дексион, во Ѓорче Петров...“. 

 

Таа  кажа. Бане го немат ништо да кажит. Една недела не сум спан шо чоекот го немат ни да гукнит и се думам шо е причината. Можда пак му е страв. Можда се потроши. Можда Коле го потроши. Можда пак за разлика од жените од СДСМ Бане немат мадиња да и се спротиставит на власта. Незнам. А ако ги немат ....кај да му се ??? Можда некој му ги скастри. 




ЏИМИ

jimmy@t-home.mk

 

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите. 



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1402 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833