ОГЛАСИ

Пожарот под контрола, манастирот изгоре, црквата спасена

Вести | Македонија | 04.02.2013 22:53Посети : 901

Пожарот што попладнево го зафати познатиот манастир Трескавец кај Прилеп, ставен е под контрола, од огнената стихија е спасена црквата „Успение на пресвета Богородица“, но целосно изгорена новите конаци од манастирот, пренесува „Макфакс“.



Армиски хеликоптери го гаснеа пожарот во манастирот Трескавец


Нема опасност за црквата „Успение на пресвета Богородица“ која е во центарот на манастирскиот комплекс, но конаците не можеа да се спасат, вели портпаролот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Влатко Котески.

Според ЦУК, во гасење на пожарот ангажирани се три хеликоптери на АРМ, прилепската противпожарна единица, едно возило од битолската противпожарна единица, како и од јавните претпријатија.

По апелот на ЦУК, на терен излегле и поголем број на прилепчани и жители на околните населени места и покрај тоа што поради непристапниот терен, спасувачките екипи тешко стигнаа до теренот.

Поради пожарот кој го зафати манастирскиот комплекс Трескавец прилепскиот градоначалникот Марјан Ристески за вторник свика итна и вонредна седница на Советот на општината.

Трескавец е еден од најголемите манастирски комплекси во Македонија и светски познат споменик на културата.Сместен е на десетина километри од Прилеп, на падините под Златоврв.


OhridNews
извор:„Макфакс“


Канческа-Милеска: Веднаш ќе се направи план за обновување на манастирот „Трескавец“


© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Што мислите за владината кампања „Здравјето е извор“

Корисна

Не е корисна

Гласај

Корисна - 314 гласови (43%)

Не е корисна - 412 гласови (57%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833