ОГЛАСИ

Бројни прекршоци низ улиците во Охрид.Следуваат засилени контроли и казни

Вести | Охрид | 30.03.2013 14:27Посети : 3061


Полициската станица за безбедност во сообракајот, деновиве вршеше интензивен мониторинг и анализа на состојбата во сообраќајот со теренски увид на повеќе сообраќајници низ градот.

Притоа, полициските службеници, констатирале низа прекршоци направени од страна на сите учесници во сообраќајот.





- Пешаците, како учесници во сообраќајот не ги користат тротоарите и не се движат по другите површини наменети за нив,  коловозите често  ги минуваат на необележани места и далеку од обележаните пешачки премини, ја прескокнуваат бетонската ограда посебно на булеварот „Туристичка“. Забележани се чести прекршоци од возачите на велосипеди, кои ретко ги користат велосипедските патеки. Тие и понатака се движат по коловозните ленти, по тротоарите или управуваат велосипедот во спротивен правец и низ  едносмерни улици, велат од СВР- Охрид.





Додаваат дека бројни прекршоци во сообраќајот прават и возачите на патнички и товарни моторни возила, како и возачите на такси возилата.

- Тие неправилно и непрописно ги паркираат возилата и го попречуваат нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, земаат патници не водејќи доволно грижа за местата на коловозите каде застануваат и за безбедноста на патниците. Возачите на возилата не ги почитуваат сообраќајните прописи за ограничување на брзината, неправилно се паркираат по коловозите низ градот посебно во централното градско подрачје, непрописно се престројуваат и непотребно се задржуваат на одредени места на коловозот, информираат од СВР- Охрид.





Оттаму, потенцираат дека со цел безбедно одвивање на сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, полициската станица за безбедност на сообраќајот Охрид, презема засилени и интензивни мерки за надминување на овие состојби. Најавуваат секојдневни сообраќајните патроли кои покрај превентивни ќе преземаат и казнени мерки кон сите учесници во сообраќајот кои ќе ги прекршат законските одредби на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.


OhridNews






© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се вратат рампите за влез во Стар град во лето?

Да

Не

Гласај

Да - 1651 гласови (43%)

Не - 2224 гласови (57%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833