ОГЛАСИ

„Простум кон учителот“

Отворена | Писма | 24.05.2013 07:00Посети : 1753

(Во чест на Учителот, во пресрет на Празникот на Просветителите)


Препочитуван и прескап  мој  учителу, светлозрачен прв буквару мој, трезору мој на немереното ми богатство, ковчегу мој позлатен на сите древнини и на сите древни и сегашни скапоцености,непресушен извору на лековита и на засладувачка вода на животот и живеењето македонско, првоплоден, роденомакедонски,кирилометодиевски,климентов  и наумов, миладиновски и прличесердарски сејачу на мирољубивото и сладовкусно семе на зборот, на умот и на разумот, патоказу мој среде пространата недогледна рамница на постојбината и на сегашнината,крстоносецу и бајрактару мој среде крстопатот и распаќето , светлоказу мој за сите излези од сите тунели и мрачнини, толкувачу мој за сите познати и непознати поими од моето љубопитно прашување, секојдневен археологу,  копачу по мојата земја и по нејзината и светска  историја, одговору мој за сите мои детски и сериозни грижи, клучу мој и калаузу за сите врати таинствени и за сите тајни од книгите и за сите светски мистерии, лечителу и исцелителу за сите мои рани и маани духовни, лекару божји, излечителу на довчерашното слепило во моите очи, отстранителу на пердето пред моите ококорени зеници, вдахнувачу на зборот мајчински и на зборот роднокрајски, бранувачу и растрепернику на моето море од прашања, мотиву мој и славеју за мојата песна гласовита на пилето јуначко во срцево разиграно,музичка интонацијо ,мој акорду почетен и следен, музико моја и прводвигнат чекору мој  за сите ора наши и песни ороводни и македонски, гласен гласнику од сите роднокрајни земји и наши огништа,од сите наши неба и мориња, фалоспеву на сите мои предци и јунаци славни од родот македонски, следбенику верен нивни и претходнику мој за сите мои и сегашни верувања во татковината пред сите утра и пред утрешнината, градинару и одгледувачу на мојата претпролетна, на мојата детска душа, на моите нежни стебла и кревки корења, чувару на моето утро од денот и на мојата пладнина, на моето ученичко растење , другару мој низ сите први минути од сите часови,на сите мигови  низ сите излети блиски и екскурзии подалечни, пријателу мој меѓу  два часа и на сите одмори  и мали и големи,праведен прекорувачу на моите лоши постапки и навики, дежурен  критичару на моите дела од букварот и математиката до хемијата и до физиката, за сите одговори од клупата и од пред таблата, од тетратката работна ,од домашната и училишната  и од учебниците, неуморен трагачу и  истражувачу по одговорите на сите мои поставени прашања, неизбришлив коректору за моите намерни и ненамерни грешки ,посреднику за сите мои средби со книгите и великаните на  светската литература и култура, водичу мој прв по македонската етничка и древна историја и по  светската географија, канатару мој и стројнику за сите мои светски книжевни свадби и љубови, за сите сказни и светски приказни, благороден деецу, добротворен дарителу, милозвучен говорителу, благоустен  советителу,просветителу мој на секоја буква и азбука , татковски     строг  воспитувачу за моралните и законски норми и правила, дедовски питом раскажувачу, братски силен   поддржувачу, другарски најкорисен мој потшепнувачу, секојдневен мој бдејачу, мој, а сепак, непристрасен оценувачу за секое мое и за сите мои знаења, вистински патеводителу низ вистинските патишта на мудроста човекова, потстреку и поттику мој, причино моја за сите мои доблести и добри однесувања, за сите мои знаења и познавања, најупорен тренеру на мојот ум и на мојот глас, на моето мислење, говорење, и изразување, Крстителу на моето утрешно име и занимање, на мојата животна професија, Христов вернику со божја и богуугодна мисија, о, премил и прескап човеку, биди Ти благословен  од Бога, сега, секогаш и во сите времиња.

П.С.  Простумот* е напишан во еден здив  со една необично долга проста реченица составена  дури од 555  зборови !


Учениците   од  Косел,
членови на литературно-рецитаторската секција,
под раководство на  проф. Димче Донески




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1406 гласови (88%)

Не - 194 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833