ОГЛАСИ

Писма: И Господ крена раце од арамиите

Отворена | Писма | 02.06.2013 00:01Посети : 1834

Поминувам секое утро покрај црквата Свети Ѓоргија во Охрид, се крстам  и се чудам: Гледам на  портите   место икона  ставена  олкава табла со  порака: Обезбедува Питон! Каде ли е Гопод, си велам, кај  отишол, та нема време да обезбедува едно црквиче посветено на Ѓоргија Великомаченикот!?





Влегувам внатре и  таму очекувам нова икона, ја забележувам  горе над влезот, а на самиот влез, во висина на очите -  нова порака: "Објектот се снима"...Се снима?!!Гледам да останам  сериозен, нели, штом се снима објектот, се снима и  верникот кој влегува и кој се крсти и кој се исповеда....Се прашувам и Бога го прашувам: така ли  треба, Господе?! Додека Ти и јас, грешнииот разговараме, треба ли некој да не снима!? Господе Боже, што ли се има и нема во оваа моја и Твоја  Чудесна Македонија!?!?





И само што посакувам да прашам одново каде ли е мојот Господ кој се гледа и се  слуша, а треба и се да обезбедува.... каде ли е, кога....ете го малку в лево во камарата кренал раце или така го сликале  ѓоаиконописците: на крст не со распетие, ами со кренати реце кон небото...Го гледам и јасно ми станува: и Господ Бог кренал раце од арамииве македонски, или простете  ако погрешив: од арамииве кои испокрадоа се во црквиве македонски....И...што правиме Господи  - сакам да потпрашам, а Тој, онака  полураспнат - полу од немајкаде - ги кренал рацете и рамениците и  како  да вели: "не  прашувај ме  рабу божји. Јас ништо неможам повеќе со оние кои се  откажале од мене,...ете ви го "Питон" -  тој нека ве спасува и обезбедува сега, секогаш и за сите времиња ..амин!"





Останав нем и еве ме немеам уште, а што да речам после божјата реч?! Ништо, сполај ти Господе! Можеби и овие, моиве,  не знаат што прават...прости им и...."Питон" нека им е на помош....АМАН!


Напис и фотозапис:  Дим  Дон


*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews  не сноси одоговорност за содржината на истите.



© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Отворена

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1396 гласови (88%)

Не - 191 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833