ОГЛАСИ

Компјутерска програма за рано дијагностицирање на малигни заболувања презентирана во Скопје

Вести | Охрид | 07.06.2013 16:18Посети : 1531


Денес, во амфитеатарот на  на Медицинскиот факултет во Скопје, се одржа научно предавање за употребата на информатичките технологии во борбата против ракот, во организација на Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” од Охрид и  Медицинскиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” од Скопје.





Предавањето на тема „Компјутерска анализа на динамиката на микротубулите за персонализирана хемотерапија“ го одржа д-р Александре Матов од Веил Корнел Медицински Колеџ при Универзитетот Корнел од Њу Јорк, САД.

Во рамки на предавањето беше презентиран проектот за развој на компјутерски базиран алгоритам кој што со висока точност детектира циркулирачки малигни клетки во крвта на пациентите заболени од рак. Истражувачкиот проект цели и кон создавање на персонализирана терапија за пациенти на кои им е дијагностициран рак на простатата и градите.





Проф. Матов ја објасни оптимизацијата на алгоритам за следење на активноста на малигните клетки во зависност од лековите кои се употребуваат, при што главната цел е да се создаде ефективна хемотерапија која може да спаси многу животи.

-    Нашите предвидувања покажуваат дека со систематско карактеризирање на промените во динамиката на микротубулите при пертурбација со цитостатици (таксани) ќе се отвори можност за создавање на персонална хемотерапија која ќе може да се прилагодува за секој пациент поединечно. Ефективното имплементирање на персонализирана хемотерапија ќе доведе до продолжување на животниот век на пациентите со резистентен рак на простата. Нашето истражување има голем потенцијал и може да има големо влијание при земањето на решение со каков цитостатик ќе се лекува пациентот. Главната цел е создавањето на автоматизирана алатка која ќе им овозможи на лекарите лесно и брзо одредување на ефективноста на цитостатикот. Дополнително, истражувањето ќе доведе до подобро разбирање на механизмите кои се инволвирани во динамиката на микротубулите и како тие придонесуваат за стекнување на резистентност кон лекарставата кои ги таргетираат, рече д-р Матов  во своето обраќање.




  
Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, проф, д- р Нинослав Марина, потенцира дека соработката меѓу УИНТ и Веил Корнел Медицински Колеџ е во рамките на активностите за засилување на меѓународната соработка и научно-истражувачките активности што би резултирало со повеќе научни трудови во реномирани списанија и симпозиуми.

-    Корнел Колеџот е еден од најдобрите Универзитети во светот и тоа претставува  дополнителна мотивација за нас. Овој заеднички проект е уште еден показател дека знаењата и резултатите од информатичките науки и технологии можат да бидат применети во многу други дисциплини. Тоа ќе креира дополнително знаење и идеи за иновативни решенија кои покрај научно ќе имаат и економско влијание во општеството, рече ректорот  Марина.


OhridNews

-   



© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали во екот на сезоната во Охрид треба да се одржуваат настани на отворено кои траат до доцна во ноќта?

Да

Не

Треба да постојат исклучоци, според строги правила

Гласај

Да - 931 гласови (36%)

Не - 668 гласови (26%)

Треба да постојат исклучоци, според строги правила - 961 гласови (38%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833