ОГЛАСИ

Младите се едуцираа за оралната хигиена, ги запознаа ракотворбите, се натпреваруваа и наградуваа

Вести | Охрид | 08.06.2013 14:07Посети : 3181


Денеска на градскиот плоштад во Охрид, општинскиот Црвен крст по петти пат ја реализира традиционалната, хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”, која веќе две години се оддржува во соработка со здравствениот комплекс „Св.Ѓорѓија“ - Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“.




Претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, истакна дека настанот добива епитет на едукативна акција благодарение на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.


Младите и сите оние кои имаат потреба можат да се едуцираат и консултираат со стручните лица од Стоматолшката ордиинација „Д-р Баткоски“ околу оралната хигиена и здравјето на забите. Тука се и голем број луѓе од занаетчиството кои со помош на Регионалната занаетчиска комора Охрид на младите им ги презентираа своите традиционални изработки.“ - истакна Точков.




На настанот беа презентирани и голем број програми кои се реализираат во рамките на општинскиот Црвен крст.


Денеска имаме презентација на нашите програми, како што е  детски час за приказни кој го работиме веќе 6 години. Тука е програмата „Бреинбреин“, како и голем број забавни содржини. Сакам јавно да им заблагодарам на сите спонзори кои ја помогнаа оваа акција  и обезбедија награди. Тоа се Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и „Свислион“ кои секоја година се наши партнери.“ - додаде Точков.




Оваа година акцијата беше збогатена со мобилната стоматолошка ординација, каде стручните лица од здравствениот комплекс „Св.Ѓорѓија“ - Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, извршија превентивни прегледи на најмладата популација.


Прегледите ги вршиме со интраорална камера, со чија помош ќе ги гледаме запчината и ќе утврдиме какво е нивото на хигиената во устата. За секое наше пацинетче ќе даваме наше мислење, а најмладите ќе добијат четка за заби од „CURAPROX“ за да можат подобро да ја оддржуваат оралната хигиена.“ - изјави д-р Небојша Баткоски од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“.




Тој додаде дека нивото на орална хигиена во земјава е се уште на ниско ниво, но преку овие акции се цели кон зголемување на јавната свест околу оралното здравје.


Сакаме да ја зголемиме свеста кај населението, посебно на младите родители, за да можат своите деца уште од најрана возраст да ги носат кај стоматолозите со цел да се зачува оралното здравје и нивото на орална хигиена. Во иднина, со сите наши можности ќе ги поддржуваме сите вакви хумантирани акции.“ - додава д-р Баткоски.




На градскиот плоштад, граѓаните и најмладите имаа можност да се запознаат со рачните изработки на охридските занаетчии.


Оваа е одлична организација на Црвениот крст за најмладите. Регионалната занатчиска комора и натаму ќе ги поддржува ваквите хуманитарни манифестации. Денеска имаме можност пред јавноста да презентираме неколку занаетчиски услуги на лице место, а младите и дечињата можат да се уверат во специфичните занаетчиски продукти.“ - вели претседателот на Регионалната занаетчиска комора, Сашо Богоески.




На терасата на комплексот Летница, паркот пред Охридско лето, на просторот пред Центарот за култура “Григор Прличев” и на градскиот плоштад “Климент Охридски” се одвиваа спортско-рекреативни натпревари и културно-забавни содржини кои изобилуваа со награди, а Славчо Кичеец, Наум Маркоски и Михаил Ристески беа победници на „главната трка”.


Оваа година во рамките на хуманитарната спортско-рекреативна акција “За посреќно детство” ќе бидат доделени над 150 вредни награди, од кои 100 се распределени денес, а останатите 50 јавно ќе бидат извлечени на 15-ти јуни на локалната ТВМ.  Меѓу највредните награди се 7-дневно зимување на Златибор, 5-дневен престој во Крагујевац, викенд во Крушево, велосипед, ДВД плеер, компјутерска галантерија, телевизор и друго.“ - истакна Анета Јованоска од општинскиот Црвен Крст.





Инаку, акцијата „За посреќно детство“ има за цел промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај нашите сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.


O.T.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?

Да

Не

Гласај

Да - 540 гласови (87%)

Не - 79 гласови (13%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833