ОГЛАСИ

Доаѓаат нови генерации на ФТУ Охрид , праксата задолжителен услов за успех

Вести | Охрид | 20.06.2013 08:00Посети : 5512

Теоретското знаење само по себе не е доволно, ниту гарант дека дипломираните студенти ќе се вклопат во реалниот сектор. Следејќи ги светските трендови, но и потребите на туристичката индустрија,  Факултетот за туризам и угоститслство од Охрид, започнува нова ера на образование, преку издигнување на практичната работа на повисок степен. Таа станува услов за идните дипломирани студенти, не само за успех на студиите, туку воопшто во кариерата. Нивните практични знаења ќе се оценуваат, што ќе претставува своевиден дополнителен филтер за подобрување на квалитетот на кадарот, кој е се подефицитарен на пазарот.

Деновиве во охридските хотели „Дончо“ и „Силекс“, студентите од насоките туризам, хотелско ресторантски менаџмент, гастрономија и исхрана и диететика при ФТУ Охрид, за прв пат праткично ги полагаа предметите туристичка, односно угостителска практика.




Испитите беа спроведени комисиски пред раководителот на катедрите за гастрономија и хотелско-ресторански менаџмент при ФТУ и координатор за практична работа, проф. д-р Ангела Василевска, раководителот на отсекот туризам, проф. д-р Иванка Нестороска и предметниот професор по практична настава и директор на хотелот „Силекс“ Тоше Чочороски.


Во хотелот „Дончо“ се реализира предметот туристичка практика, редовен за насокатата Туризам за 3-та година. Во рамките на предметот, студентите во текот на целиот смесестар имаа обврска да реализираат 15 работни дена по 8  часа во објект, каде им беа зададени конкретни практични задачи и по еден ден практична работа на факултетот, односно во угостителски објект. Во хотелот „Силекс“ се спроведе угостителската практика, односно презентација на она што студентите го стекнале како знаење за време на практичната работа.“ - вели Чочороски.





Студентите преку зададените практични задачи, во хотелот „Силекс“ ја покажаа својата креативност изготвувајќи комплексно мени, при тоа искористувајќи ги намирниците со кои располага објектот. Како што потенцира проф. д-р Ангела Василевска, на овој начин ќе се утврди колку навистина студентите ги усвоиле знаењата и практитката во текот на школувањето на ФТУ.


Покрај прием на гостите, студентите од гастрономија и исхрана и диететика имаа задача во кујна да изготват едно комплетно мени, кое вклучува предјадење, главно јадење, и десерт. Оние од хотелско ресторански менаџмент ќе треба да ги послужат гостите на нов начин, во кој ќе вклучат доза креативност и новитет.“ - истакна проф. д-р Василевска.






Професорите потенцира дека Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, сериозно пристапува кон пракитчната обука на студентите, посочувајќи дека студентите сега веќе од прва година задолжително ќе изведуваат туристичка, односно угостителска практика.


Се надевам дека овие студенти кои од прва година го отпочнаа процесот на практична работа, по завршување на студииите многу полесно ќе се снајдат во ваквите објекти, односно на пазарот на трудот ќе се покункрентни. За почеток оваа праткична работа е доволна, со оглед на тоа што ние излегувавме како кадар од тој факултет без познавање на осовни праткични работи. Но не треба да задоволиме само со тоа, туку ќе гледаме  секоја година процесот се надоградува, бидејќи самиот процес во оваа индустрија бара дополнителни ангажирања.“ - вели Чочороски.




Од ФТУ Охрид истакнуваат дека од година во година, на пазарот на трудот има се помалку специјализирани кадри од областа на туризмот и угостителството, што претставува можност за новите генерации да го докажат својот квалитет и конкурентност пред работодавиците.




Студентите на ФТУ Охрид кои посетуваа пракса, искажаа задоволство од ваквиот пристап во оформувањето на нивното образование, зразувајќи надеж дека еден ден ќе добијат вистинска шанса во реалниот сектор, како и можност практично да ги применат стекнатите знаења и да внесат свежи идеи и креативност во понудата на угостителските услуги, со цел македонскиот туризам да стане поконкурентна на светскиот пазар.


O.T.

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали треба да се дозволи пушење на цигари во угостителските објекти?

Да

Не

Гласај

Да - 578 гласови (30%)

Не - 1321 гласови (70%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833