ОГЛАСИ

“Европскиот“ горолом го издува македонскиот фудбал

Спорт | Македонија | 25.07.2013 23:55Посети : 880


Уште не почната, а веќе заврши евросезоната за македонските фудбалски преставници во Европа. Поразителни се бројките по настапот на четирите македонски европреставници. Во десетте меча кои ги одиграа екипите не забележаа ниту една победа (Турново на пенали ја елиминираше Судова) четири ремија и дури шести порази.






За три од четирите тима непремостлива беше уште првата пречка.

Македонскиот првак Вардар со севкупни 5-1 претпре елиминиција од некогашниот европски првак Стеуа. Двомечот наместо по добрата игра, ќе остане запаметен по немирите кои навивачите на Вардар и полицијата ги направија на реваншот во Скопје.


Металург не само што не успеа да му се реваншира на Карабак за елиминацијата пред неколку сезони, туку и во двата меча повторно претпре порази. Скопските “зелени“ по десет меча се уште немаат победа во фудбалска Европа.







Куп освојувачот Тетекс и покрај ремито во Скопје на гпстувањето капитулираше пред ерменскиот Пјнуик. Тимот кој по сензационалниот триумф во купот на Македонија, се пресели во понизок ранг, се соочува со фудбалски егзодус. Тренерот го напушти клубот, а неговиот пример се очекува да го следат и голем дел од фудбалерите.



Најсветла точка беше Хоризонт од Турново, кој иако не победи успеа да мине барем една пречка во фудбалска Европа. Елиминацијата на Судова е историски триумф за тимот од Турново. Тие потклекнаа пред некогаш моќниот Хајдук, кој е во сериозна финасиска криза, а на реваншот во Скопје играше со фудбалери од младинскиот погон.







Македонските клубови и оваа сезона покажаа дека се милји далеку од фудбалска Европа и тоа на сите полиња. Квалитативно, фудбалски,организциски. По што ќе остане запаметено ова фудбалско лето? По патешествието на македонскиот првак со автобус до Букурешт? По “пар-непар“ жолтите картони на фудбалерите на Турново? РК Металург гази во ракометна Европа, ама ФК Металург вози во рикверц? А, да си беше еднаш еден Тетекс......



М.Постоловски

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 524 гласови (31%)

Не - 1158 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833