ОГЛАСИ

Стружани се подготвуваат за јубилејот на Караорман

Спорт | Македонија | 26.07.2013 10:12Посети : 1024


В сабота и недела со свечена цероминија струшкиот фудбалски клуб Караорман ќе го прослави 90 годишниот јубилеј од оформувањето. За јубилејот организацискиот одбор подготви богата програма и тоа отварање на изложба со стари фотографии, свечена седница, доделување на награди, пофалници, турнир за „петлињата“, полагање на цвеќе на паднатите борци, фудбалски натпревар на ветераните против Пелистер и сегашниот состав на стружани со Вардар.





-  Изманатиов период работевме напорно да го прославиме јубилејот на нашиот клуб како што доликува. Секој член на нашиот организационен одбор имаше своја задача, кој ја исполни максимално.  За прославата имаме богата агенда имаме покането околу 500 гости, кои со нивното присуство ќе ја зголемат нашата вредност како клуб – рече Љупчо Мојсоски.





Караорман на фудбалската мапа се појави на 23 мај во далечната 1923 година под името Лоптачки клуб „Црн Дрим“. После осум години за прв пат го менуваме името во Југославија, а пред окупацијата во 1945 година клубот го го добива името кое го носи и денеска.





Првиот натпревар „црвените“ го одиграа во 1924 година против Победа од Охрид, а официјален меч во 1937 година.





Најголем успех на клубот е титулата во македонскиот шампионат во 1957/58 година по која обезбедија бараж средба за влез во југословенската фудбалска лига.  Од поновото време за издвојување е пласманот во полуфиналето од купот на Македонија во 2002 година.
 

Мх.П.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1236 гласови (88%)

Не - 161 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833