ОГЛАСИ

Турнирот во Струга ќе блесне во сиот свој сјај

Спорт | Македонија | 26.07.2013 11:23Посети : 1232


Подготовките за 41-то издание на ракометниот турнир во Струга течат во најдобар ред. На неполн месец пред стартот организацискиот одбор работи со полна пареа да струшкиот турнир блесне во сиот свој сјај.





- Ние уште минатата година кога и ја официјално ја превзедовме организациската палка на ракометниот турнир во Струга зацртавме план на подобрување на условите на теренот, трибинскиот простор и сите пропратни работи. За таа цел лани ги реконструиравме оградите околу стадионот, а сега го санираме теренот ставајќи нова асфалт подлога, која ќе биде потпора на тарафлексот и ќе нуди подобра престава на ракометарите учесници на турнирот во Струга -
рече Сашо Србиноски.





Од организацискиот одбор најавуваат дека развивањето на инфраструктурата на теренот во Струга нема да застане, него ќе добие модерен ракометен центар.





- Наредната година главна цел ни е изградба на јужна трибина, на која ќе има посебно место за медиумите, а под трибинскиот простор ќе биде наменет за ракометарите и стручниот штаб - заврши Сашо Србиноски.

Турнирот во Струга почнува на 14 август, а финалето е закажано за три дена подоцна односно на 17 август. Учество ќе земат македонските преставници Металург, Вардар и Струга, француските Иври и Версај, романската Констанца и Брест Мешков.


Мх.П.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 549 гласови (31%)

Не - 1203 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833