ОГЛАСИ

Бакрачески : „Традиционалниот турнир во одбојка целосно ќе ја добие нашата поддршка“

Спорт | Охрид | 26.07.2013 16:39Посети : 1093


Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески со своето присуство го збогати седмото Отворено првенство во одбојка на песок, кој се одвива на плажата „Бафало“.





- Имавме можност да присуствуваме на традиционалниот турнир во одбојка на песок, кој го организра О3 и е од меѓународен карактер. Турнирот е еден дел од нашите програмски активности, кој ќе добие целосно поддршка како и сите други спортски манифестации и кои ќе се одвиваат во Охрид. Ние на некој начин преку вакви забавни и рекреативни дружења да ги поттикни младите, охриѓани и туристите се почесто да се занимаваат со спорт - рече Бакрачески.

Првиот човек на Охрид пред новинарите ги соопшти плановите за турнирот за следната година каде треба да добие повеќе и поквалитетни учесници надвор од Балканските граници.

- Од идната година нашите планови се да организираме помасовен турнир со повеќе и поквалитетни учесници. Сакаме да доаѓаат екипи и надвор од Балканот и да стане еден од најдобрите турнири во регионот - заврши Бакрачески.


Ohridnews




© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1284 гласови (89%)

Не - 165 гласови (11%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833