ОГЛАСИ

Стефанов ја напушти кошаркарската селекција

Спорт | Македонија | 30.07.2013 00:15Посети : 1087


Македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов ја напушти функцијата спортски директор во селекцијата. Веста за повлекувањето на Стефанов ја потврди директорот на сите репрезентации Илија Мерџаноски за „Утрински Весник“.





- Точно е дека Врбица нема да биде дел од македонската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство. Во моментов тој е ангажиран во Италија и едноставно не може целосно да се посвети на репрезентативните обврски - рекол Мерџаноски за печатениот весник.

Стефанов заедно со екс селекторот Марин Докузовски беа најзаслужни за историскиот успех пред две години на Европското првенство во Литванија освојувајќи го четвртото место.

Поранешниот капитен на репрезентацијата во селекцијата ги доведе Лестер Бо Мекклејб и кондициониот тренер Сандро Бенкардино, кој пред извесно време замина во нашиот јужен сосед.

Од литванската бајка во македонската селекција остана само Марјан Србиноски, кој тогаш, а и сега е помошник на селекторот.


Мх.П.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833