ОГЛАСИ

Чуркоски единствен македонски преставник на Олимпијадата за ветерани

Спорт | Македонија | 30.07.2013 11:36Посети : 973


Стружанецот Ристо Чуркоски е македонски преставник на Олимпијадата за ветерани што ќе се одржи во Торино, Италија. На олимписките игри ќе настапат рекордни 50 000 спортисти, а ќе се натпреваруваат во 30 различни спортови.





- Ова за мене е прв настап и на некој ветеран спортист во Македонија. Според моите сознанија досега никој не ја преставувал земјата на Олимписките игри за ветерани. Затоа апелирам до сите спортисти дека годините не треба да се пречка за занимавање со спорт - рече Чуркоски.

Тој на Олимписките игри пријавено има настап во две категории едносед на двесте и илјада метри и маратон од четиринаесет километри.





- Се имам пријавено за настап во две категории, но со оглед на недостиг на средства може прерано да ја завршам Олимпијадата. Ќе учествувам само во една категорија која е на стартот од Олимпијадата додека другата е на крајот, а јас немам толку средства да престојувам во Италија - посочи Чурковски.

Според резултатите забележани изманатиов период Чурковски има големи апетити за висок пласман на Олимписките игри за ветерани во Торино.

- Со оглед на моите резултати во претходните години очекувам висок пласман, па дури и борба за медал во некоја од дисциплините, како на пример во К-1 200 метри, каде што минатата година на светското првенство го освоив седмото место, а бев четврт на две илјади метри. Пред четири години бев втор на Европското првенство на двесте метри и трет на петстотини метри - заврши стружанецот.


Мх.П.


© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Спорт

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 563 гласови (31%)

Не - 1257 гласови (69%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833