ОГЛАСИ

Општествена одговорност: Саниран и повторно ставен во употреба мостот кај ОУ „Христо Узунов“

Вести | Охрид | 01.12.2013 17:35Посети : 3183

Со финансиска поддршка на Стоматолошкиот центар „Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“, а на иницијатива на советникот Сашо Донев и в.д. директорот на основното училиште „Христо Узунов“, Тони Симоноски, реновиран и повторно ставен во употреба мостот на улицата „Питу Гули“, наменет за безбедно преминување на учениците кои доаѓаат на настава во училиштето.



Како што информира Симоноски, утврдени биле големи оштетувања на мостот, на кој недостасувале делови од подот, уништена била пластичната покривна конструкција, а осветлувањето воопшто не функционирало.


- Неопходно беше да се преземат низа активности, пред се насочени кон поголема безбедност на учениците. Меѓу приоритетите, беше санацијата на мостот кој подолг период не беше во употреба, бидејќи поради оштетувањата можеше да дојде до несакани последици.  Со заедничка иницијатива со советникот Донев и поддршка од Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, еве мостот се реновира и повторно е ставен во употреба, за да можат учениците безбедно да ја преминуваат улицата, вели Симоноски.




Од Стоматолошката ординација „ Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ изјавија дека со задоволство ја поддржале санацијата на мостот, потенцирајќи дека безбедноста на учениците е на прво место.


- Во изминатиот период сведоци бевме на сообраќајни незгоди во кои при преминување на улицата беа повредени неколку основци. Тоа беше и мотивот да се вклучиме во активностите за реновирање на мостот со цел да го користат што поголем број ученици. За да не дојде до негово повторно уништување и да не служи како собиралиште на млади луѓе со девијантно однесување, поставени се и врати кои ќе се отклучуваат и заклучуваат зависно од одвивањето на наставата во училиштето, изјави д- р Небојша Баткоски.




Од ординацијата „Д- р Баткоски“ и хотел „Максимус“ најавуваат продолжување на соработката со ОУ „Христо Узунов“. Во идниот период предвидено е и уредување на спортското игралиште во рамки на училиштето и набавка на нова спортска опрема.


Т.Кувенџиска  


 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали на делницата на која се гради автопатот Охрид - Кичево има доволно безбедносна сообраќајна сигнализација?

Да

Не

Гласај

Да - 46 гласови (15%)

Не - 261 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833