ОГЛАСИ

Дани победник на поп вечерта на Охрид Фест

Занимливости | Охрид | 24.08.2008 01:00Посети : 4751

Популарната пејачка Дани Димитровска со песната „Никој како ти“ победи на поп вечерта на фестивалот Охрид Фест, што синоќа  се одржа на сцената на Долни Сарај.

Дани однесе тесна победа во неизвесната трка пред Ристо Самарџиев, а третото место го освои Влатко Илиевски. Победничката на поп вечерта доби награда во висина од 50.000 денари.

Јубилејното 15-то издание на Охрид Фест завршува вечерва со интернационалната вечер. Победникот од оваа вечер ќе има можност да сними видео спот за својата композиција во вредност од 20.000 евра.  Наградата како што соопшти организаторот, ја доделува најголемата филмска продукција во Босна и Херцеговина \"Solid state productions\", која ќе биде задолжена за снимање на спотот, а сценарист и режисер ќе биде Енвер Пушка. Тој е еден од најдобрите филмски работници во Босна и Херцеговина, а досега работел на три играни филмови: \"GO WEST\",\"Духовите на Сараево\" и \"Ритам на животот\". За филмот \"Ритам на животот\" има добиено награда во Италија и во САД.

Ohridnews

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Занимливости

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали паркирањето во Охрид треба да се модернизира?

Да

Не

Гласај

Да - 1395 гласови (88%)

Не - 188 гласови (12%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833