ОГЛАСИ

Репортажа: „Св. Заум“ - вистински рај крај езерото кој децении и пркоси на забрзаната урбанизација

Живот | Репортажи / Фељтон | 28.08.2014 07:00Посети : 11319

На 20-на километри од „Балканскиот Ерусалим“ во непосредна близина на селото Трпејца се наоѓа манастирот „Св. Богородица Захумска“.  Природно уточиште кое веќе децении и пркоси на забрзаната урбанизација на источното крајбрежје, место кое за многумина претставува вистински рај крај езерото.





Меѓу народот познат како  „Св. Заум“, дар од природата за кого се прераскажени бројни легенди и приказни. Почнувајќи од градбата на црквата, кованицата „За - Ум“, охридскиот бермудски триаголник, приказните на Марко Цепенков, па се до „стрмецот“ и чудните ветришта кои што се спојуваат во „Заумскиот залив“ од двете страни на езерото.





Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие, а најновите исражувања покажуваат дека потекнува од тринаести век. Градена е во форма на впишан крст со купола која се потпира на четири столба. Она што привлекува внимание кај посетителите е претставата на Света Ана - Млекопитателница како ја дои малата Богородица.




 



Но ова место не би опстоело какво што е, без неговите „староседелци“. Топло добредојде за намерниците, чашка ракија, мезе и по некоја приказна за „авантурите“ кои се случиле далеку од секојдневието. Освен охридските фамилии кои повремено по воден пат доаѓаат, престојуваат, заминуваат и го одржуваат „Заум“, тука се и галебите, кормораните, патките, водните змии, лисиците, куните, но и пфот(eng.: glis glis).





Низ целиот залив кој има карактеристична боја поради бистрите езерски води, чистиот хоризонт и „надвисната“ планина, може многу да се научи за традиционалните начини на риболов, но и за флората и фауната која ја има во изобилие.





Во непосредна близина на „Заум“ се наоѓа и извор кој доаѓа од длабочините на „Галичица“, од каде што потекува ретко бистра и чиста вода.




„Заум“ е место кое длабоко се врежува во сеќавањето на сите оние кои го посетиле, а многумина со нетрпение ќе чекаат на топлите денови, за повторно и повторно да се навратат на „рајот крај езерото“.


O.T.

© 2018 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Живот

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали ќе биде постигнат договор за спорот со името помеѓу Македонија и Грција?

Да

Не

Гласај

Да - 4 гласови (15%)

Не - 22 гласови (85%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833