ОГЛАСИ

Најмладите ќе се едуцираат за значењето на оралното здравје

Вести | Охрид | 09.12.2014 13:23Посети : 1392

Најновите добиени податоци за оралното здравје на најмладите говорат дека бројот на заболени заби од кариес е се помал, а се поголем успех се постигнува со заштитата на забите преку залевање на трајните заби.


- Како специјалисти во детска и превентивна стоматологија во склоп на националната стратегија за заштита на орално здравје ги опфаќаме децата од 0 до 14 години. Преку цела година вршиме континуирана едукација и заштита со залевање на трајни заби. За разлика од порано децата сега повеќе се грижат за хигиената и здравјето на забите. Порано сме ваделе заб, шестка, на седумгодишна возраст, а сега е тоа реткост, вели д- р Вера Наумоска, специјалист по детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид.



Стоматолозите потенцираат дека ваквите позитивни резултати се должат на националната стратегија за орално здравје и зголемувањето на свеста за здравјето како на млечните така и на трајните заби.


Црвен крст Охрид од 8-15 декември, под мотото „ЗДРАВА НАСМЕВКА – СРЕЌНО ДЕТЕ“ ќе ја одбележи Неделата на забоздравствена заштита. Планираните активности, насочени се кон едукација на најмладите од основните училишта за правилна нега на забите и подигање на нивото на орално здравје. Заеднички ќе ги реализираат тим на волонтери на Црвен крст Охрид, Одделот за детска и превентивна стоматологија при Здравствен дом Охрид и Стоматолошката ординација Баткоски.


- Предавањата , пред се ќе се наменети за првоодделенците во руралните средини, во училиштата во Дебарца, „ Св. Наум Охридски во Пештани, подрачните училишта во Коњско, Елшани и Трпејца, во Велгошти и Лескоец. Предавањата се со наслов „ Важноста на трајните заби“ и при тоа на учениците ќе им се укажува на начелните првила за одржување на орална хигиена , за здрава храна и посета на стоматолог, информира стоматологот  Кристина Стојаноска - Алоска.


Од стоматолошката ординација „ Д- р Баткоски“ кои по трет пат се вклучуваат во акцијата, информираа за резултатите по спроведената контрола на 163 деца во рамки на Стоматолошкиот караван.



- Бројот на деца со позитивно орално здравје е многу мал. Само 2% од прегледаните деца беа без кариес, 78% од нив се со  1 до 2 кариозни заби што покажува тенденција на намалување на бројот на заби заболени од кариес , а останатите се со по 3 и повеќе распипани заби. Во однос на трајните моларни заби, шестите, кај 23% од децата не најдовме кариес, 30% веќе беа санирани, односно  залеани, а кај 47% имаше присуство на кариес кај овие заби, рече стоматологот Емилија Стојаноска.


Од стоматолошката ординација „ Д- р Баткоски“  посочија на значењето на одржувањето на здравјето на млечните заби кои се значајни за развој на вилиците и трајните заби.


- Кај 43 % од прегледаните деца воочени се ортодонски аномалии, естетски недостатоци  и оштетување на системот за џвакање во целина. Причини се прераното вадење на млечните заби со што се придонесува за губење на местото за трајни заби и  несоодветно развивање на вилицата, а со тоа и крива поставеност на трајните заби. Тука се и лошите навики кои доведуваат до појава на ортодонски аномалии како што се цицањето прст, цуцла, гризење долна усна. Затоа редовната посета на стоматолог овозможува рано откривање и навремено третирање на ортодонските аномалии, потенцира стоматологот Катерина Верушеска.


Вечерва во општинскиот Црвен крст ќе се изврши промоција на  брошурата „Грижа за забите“ , од д- р Кристина Стојаноска Алоска, која содржи информации за оралното здравје.



Т.К.

 

© 2017 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Ohridnews.com

Вести

ВАШЕТО ВНИМАНИЕ

АНКЕТА

Дали е потребна измена на начинот на регулирање на водостојот на Охридското Езеро?

Да

Не

Гласај

Да - 550 гласови (87%)

Не - 83 гласови (13%)

Резултати Гласај

ПОВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ

Полиција : 192 Брза помош : 194 Пожарна : 193 Центар за справување со кризи - Охрид : 195 АМСМ : 196 Автобуска станица : 260-339 Аеродром : 252-820 Црвен крст : 261-909 Водовод : 250-122 Комуналец : 263-325 НУ Центар за култура : 261-063 Завод и Музеј : 262-498 Основен суд : 261-868 ЕВН Информации : 0890 12345 ЕВН Дефекти : 0890 88888 Општа болница : 267-267 ФТУ - Охрид : 262-147 Охридско лето : 261-304 Организација на потрошувачи на Охрид : 252-833